Аугсбург Арена

Координати: 48°19′23.3″N 10°53′9.6″E / 48.323139° СГШ; 10.886000° ИГД / 48.323139; 10.886000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аугсбург Арена
Поранешни имиња Импулс Арена (2009–2011)
СГЛ Арена (2011–2015)
Место Аугсбург, Германија
Координати 48°19′23.3″N 10°53′9.6″E / 48.323139° СГШ; 10.886000° ИГД / 48.323139; 10.886000
Започнат 2007
Отворен 2009
Сопственик Аугсбург Аугсбург
Подлога трева
Цена на изградбата 45 милиони евра
Архитект Бернхарт и Кегл
Игра Аугсбург Аугсбург (2009-денес)
Гледачи 30,660[1]

Аугсбург Арена, моментално комерцијално позната како ВВК Аренафудбалски стадион во Аугсбург, Баварија, Германија. Стадионот претежно се користи за фудбалски натпревари и е домаќин на домашните натпревари на фудбалскиот клуб Аугсбург.

Стадионот има капацитет од 30.660 места, од кои 19.060 седишта и 11.034 места за стоење. Со втора фаза на реконструкција во иднина капацитетот може да се зголеми на 49.000 места.[2] Инаку, Аугсбург Арената го заменила претходниот домашен стадион на клубот, Росенаустадион. ФК Аугсбург го одиграл првиот натпревар на новиот стадион во 2009 година.

За време на дизајнот и изградбата на стадионот, тој бил наречен „Аугсбург Арена“, но подоцна бил отворен под името „Импулс Арена“, службено стилизирана како арена на импулси), пред да биде преименуван во „СГЛ Арена“, откако SGL Carbon ги добил правата на именување на објектот во мај 2011 година. Договорот имал рок од седум години и започнал на 1 јули 2011 година.[3] На 1 јули 2015 година, правата за именување на стадионот ги добила ВВК, осигурителна компанија, со што го сменила официјалното име на стадионот во „ВВК Арена“, име кое е официјално и денес.[4]

Аугсбург бил еден од официјалните градови домаќини на Светското првенство за жени до 20 години во 2010 година, а потоа и на Светското првенство исто така за жени во 2011 година. Таканаречената тогашна „Импулс Арена“ била локацијата на неколку натпревари за време на групната фаза и четвртфиналето. За време на натпреварите на ФИФА името било преименувано во „ФИФА мундијалски стадион за жени во Аугсбург“. Стадионот бил домаќин на еден натпревар на репрезентацијата на Германија и го добил прекарот „Анфилд на автопатот Б17“, по последниот натпревар во Лига Европа на Аугсбург против Ливерпул одигран во шеснаесттинафиналето во 2016 година.

ВВК Арена е првиот фудбалски стадион со неутрална клима во светот. Јаглеродната неутралност била постигната со шест еколошки пумпи за топлина (длабочина од 40 метри), кои ја произведуваат саканата температура преку разменувачи на топлина. Котел со био-природен гас, исто така, ја снабдува потребната енергија за време на максимално оптоварување во играта.[5] Во 2017 година, била направена нова фасада на стадионот.[6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Аугсбург Арена (тогаш позната како Импулс Арена) во 2009 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „World Stadiums - Stadiums in Germany“. Worldstadiums.com. Архивирано од изворникот на 2020-09-01. Посетено на 14 January 2018.
  2. „BAM to build football stadium in Augsburg“. PropertyEU. Посетено на 25 септември 2021.
  3. „impuls arena wird zur SGL Arena“. Official website (германски). ФК Аугсбург. Архивирано од изворникот на 2016-04-22. Посетено на 25 септември 2021.
  4. „FCA spielt künftig in der WWK ARENA“. Official website (германски). ФК Аугсбург. Архивирано од изворникот на 2016-04-18. Посетено на 25 септември 2021.
  5. „Agentur für Erneuerbare Energie: Bundesliga-Winterpause: Die Erneuerbaren Energien bleiben am Ball.. Архивирано од изворникот на 2015-03-14. Посетено на 2021-09-25.
  6. „Germany: WWK Arena finally getting its facades – StadiumDB.com“. Stadiumdb.com. Посетено на 14 January 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]