Асура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Асура.

Асура (турски: hasır) е простирка која се прави со шиење и плетење од листови или осушени барски билки рогоз (шевар). Мајсторот кој се бавел со производството на простирки (асура) се викал асурџија. Овие простирки се цврсти, трајни и отпорни на вода. Асурите и денес се користат како украсни простирки, завеси за тераси или како простирки за плажа.

Обликот на асура е карактеристичен за рачно правење на подметувач од дрво и конец. Со тоа, тоа личи на макис, подметнувач кој се прави со шиење и плетење на листови или стебла на бамбус. Принципот на производот е ист, а материјалот е сличен.