Прејди на содржината

Аспергеров синдром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аспергеров синдром
Young red-haired boy facing away from camera, stacking a seventh can atop a column of six food cans on the kitchen floor. An open pantry contains many more cans.
Повторливо местење или подредување на предметите е однесување кое некогаш е поврзано Аспергеров синдром.
СпецијалностПсихијатрија Уреди на Википодатоците

Аспергеров синдром (анг. AS или AD) е еден од неколкуте пореметувања од аутистички спектар (анг. ASD) кој се одликува со потешкотии во друштвената интеракција и ограничени, стереотипни интереси и активности. Исто така се нарекува и Аспергерово пореметување или само Аспергер, иако, меѓу клиничките истражувачи нема многу голема согласност за тоа дали треба да се вика синдром или пореметување.[1]

Аспергеровиот синдром се разликува од останатите пореметувања од спектарот на аутизмот по тоа што кај него, воопшто, нема застој во јазичниот и когнитивниот развој. Сепак, во стандардните дијагностички критериуми не е спомната моторичката неспретност и атипичната употреба на јазикот, што се јавува често.

Синдромот го добил името по австрискиот педијатар, Ханс Аспергер, кој во 1944 година ги опишал децата кои очигледно имаат нормална интелигенција, но им недостасува вештина за невербална комуникација, физички се неспретни и не покажуваат емпатија. Педесет години подоцна пореметувањето влегло во меѓународна класификација на болести (анг. ICD) и во дијагностички и статистички прирачник за ментални пореметувања (анг. DSM), но сепак останале нерешени прашања за неговите аспекти. На пример постои сомневање околу тоа дали АС се разликува од високо функционалниот аутизам (анг. HFA); делумно и поради тие сомневања, неговата зачестеност не е цврсто установена.[2][3]

  1. „BehaveNetŽ Clinical Capsule: Asperger's Disorder“. Behavenet.com. Посетено на 13 јануари 2011.
  2. „Revista Brasileira de Psiquiatria - Autism and Asperger syndrome: an overview“. Scielo.br. 6 јануари 1990. doi:10.1590/S1516-44462006000500002. Посетено на 13 јануари 2011.
  3. McPartland J, Klin A (октомври 2006). „Asperger's syndrome“. Adolescent Medicine Clinics. 17 (3): 771–88, abstract xiii. doi:10.1016/j.admecli.2006.06.010. PMID 17030291.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори