Прејди на содржината

Архив на Смоленск

Од Википедија — слободната енциклопедија

Архивот на Смоленск — името на архивите на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз во Смоленската област, кои биле заробени од армијата на Нацистичка Германија кога го освоилe градот Смоленск во 1941 година. Во него се вклучени и НКВД и архивите на Смоленската државна област. Архивата потоа била преместена во Германија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во летото и есента 1941 година, и повторно во летото 1942 година за време на напредувањето на германските војници, локалните власти се обиделе да ги евакуираат архивите кон исток, а огромното мнозинство од локалните архиви биле преместени. Германските војници влегле во Смоленск на 15 јули 1941 година и како резултат на тоа, архивата била запленета од Германците. Во мај 1943 година, архивата ја однеле Германците од Смоленск во Вилнус, потоа во Полска, каде што била изолирана од многу други материјали однесени во Германија. Останатиот дел од документите во Полска биле пронајдени од советските војници во февруари 1945 година во областа на железничката станица Пшчина и вратени во Смоленск.[2]

Кракто потоа документите станале познати на Канцеларијата за стратешки услуги на САД, (претходникот на ЦИА). Била складирана во американскиот центар за реституција во Офенбах на Мајна. После тоа, документите биле преселени во подземен хангар. Група американски советолози го проучувале инвентарот и некои оригинални документи и заклучиле дека тие содржат вредни информации. Во 1958 година, владата на САД понудила да ги врати архивските материјали на Советскиот Сојуз, но како одговор советските власти тврделе дека тоа е лажно измислено од ЦИА.

Записите од архивата, особено документите на Комунистичката партија, ги опфаќаат годините пред 1917 до 1941 година. Архивските документи биле достапни за употреба од американски и други западни научници, кои не можеле да добијат пристап до партиските или архивите на КГБ во Советскиот Сојуз. Првиот историчар што ги искористил материјалите од Смоленск бил професорот на Универзитетот Харвард Мерле Фајнсод, кој го објавил „Смоленск под советско владеење“ во 1958 година врз основа на архивата. Архивата документи се користеле и во делата на Ричард Пајпс за раната советска историја и Роберт Конквест во неговата книга „Големиот терор“.

Од 1963 година, советските власти правеле обиди да ја добијат архивата, но сепак јавно не се потврдила нејзината автентичност. Написот открива дека прифаќањето на понудата се сметало од советското Министерство за надворешни работи како непрактично бидејќи таквиот потег бил еднаков на официјално признавање на автентичноста на документите. Во 1991 г. руските власти признале и јавно објавиле дека САД поседуваат вистинска архива и дека Русија има намера да бара нејзино враќање. Преговорите за можното пренесување започнало во 1992 година. Меѓутоа, американските власти го поврзале враќањето на архивата со враќањето на „Шнеерсон библиотеката на Чабад-Лубавич Хасидското движење.[3] Како резултат на тоа, архивата била вратена во Русија дури на крајот на 2002 година.

Наводи[уреди | уреди извор]