Артичока
| Артичока | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| клад: | Астериди |
| Ред: | Ѕвездовидни |
| Семејство: | Главоцветни |
| Род: | Артичока L. |
| Вид: | C. cardunculus |
| Сорта: | C. c. var. scolymus |
| Триномен назив | |
| Cynara cardunculus var. scolymus L. | |
Артичока (науч. Cynara cardunculus var. scolymus) — хранливо растение од демејството на главоцветните. Артичоките потекнуваат од Средоземјето и како растение се одгледува за прехрана и во медицински цели, бидејќи од сушените листови и делови од стеблото се прави чај. Младите главички се користат во исхраната, така што се варат и се јадат како зеленчук со различни сосови, а од сувата артичока може да се прави супа.
Името Артичока доаѓа од арапскиот збор ardi-shoki. Се смета дека потекнува од Јужна Европа и Средоземјето, иако вистинското место му е непознато. Одгледувана е уште во Стара Грција, и е преземена од Римјаните. Во исламскиот свет се одгледувала во Магреб. Распространета е по Австралија, САД, Средна Америка, Јужна Америка, Јужна Африка. Најчестиот светски производител е Италија.
Артичоките спаѓаат во редот на зеленчуци со најголема количина на антиоксиданси, и можат да помагнат при дигестија, јакнење на функцијата на црниот дроб и јакнење на функцијата на жолчната кеса.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|