Прејди на содржината

Арктик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Арктикот)
Локација на Арктикот.
Вештачки обоена топографска карта на регионот на Арктикот.

Арктикотполарен регион што се наоѓа на најсеверниот дел од земјата. Арктикот се состои од Северноледениот Океан, соседните мориња и делови од Алјаска (САД), Канада, Финска, Гренланд (Данска), Исланд, Норвешка, Русија и Шведска. Земјиштето во регионот на Арктикот има сезонски различна покривка од снег и мраз, со пермафрост без дрвја (трајно замрзнат подземен мраз) кој содржи Тундра. Арктичките мориња содржат сезонски морски мраз на многу места.

Арктичкиот регион е уникатна област меѓу екосистемите на Земјата. Културите во регионот и домородното население на Арктикот се имаат прилагодено на неговите студени и екстремни услови. Животот на Арктикот вбројува зоопланктон и фитопланктон, риби и морски цицачи, птици, копнени животни, растенија и човечки општества.[1] Земјата на Арктикот се граничи со субарктикот.

  1. Christopher Krembs and Jody Deming. "Organisms that thrive in Arctic sea ice." National Oceanic and Atmospheric Administration. 18 November 2006.