Арил

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во органската хемија, арил се однесува на секоја функционална група или супституент изведен од прост ароматичен прстен. Постојат многу специфични термини, како фенил, кои го опишуваат несупституираните арил групи и подвиодви на арил групи.

Најпростата арил група е фенил, C6H5; изведена е од бензенот. Толилната група, CH3C6H4, е изведена од толуенот (метилбензенот). Ксилилната група, (CH3)2C6H3, е изведена од ксиленот (диметилбензен).

Биарилите можат да имаат осна хиралност.

Примери за арил групи. Од лево кон десно: фенил, толил, o-ксилил, нафтил.

Поврзано[уреди | уреди извор]