Арапаима
Арапаима | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Actinopterygii |
Ред: | Osteoglossiformes |
Семејство: | Osteoglossidae |
Потсемејство: | Heterotidinae |
Род: | Arapaima Müller, 1843 |
Вид: | A. gigas |
Научен назив | |
Arapaima gigas (Schinz, 1822) |
Апараима, позната и како пираруку или паихе (Arapaima gigas) — јужноамериканска тропска слатководна риба. Таа е една од најголемите слатководни риби во светот.
Анатомија и морфологија
[уреди | уреди извор]Арапаимата може да достигне должина и повеќе од 2 m, а во некои исклучителни случаи и повеќе од 2,5 m и преку 100 кг. Најчесто наведуваната максимална должина од 4,5 m доаѓа од еден извештај од првата половина на XIX век, но ова не е потврдено. Најголема телесна тежина која досега е пријавена за оваа риба е 200 кг.
Апараимата е најголемата слатководна риба. Таа често се лови од страна на населението во Јужна Америка како храна.
Екологија
[уреди | уреди извор]Храната на апараимата се состои од риби, ракчиња и други мали животни. Оваа риба дише воздух, користејќи го својот рибен меур, кој е богат со крвни садови и се отвора во устата на рибата,[2] што е предност во води сиромашни со кислород, каква што е реката Амазон. Според ова, рибата е способна да преживее во плитки води со количина на растворен кислород ниска и до 0,5 ppm.
„Арапаима“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Arapaima gigas“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 13 март 2009. Базата на податоци вклучува малку информации за тоа зошто за овој вид се знае толку малку.
- ↑ Ferraris, C.J. (2003). „Family Arapaimatidae“. Во Reis, R.E., Kullander, S.O., Ferraris, C.J. (уред.). Check List of the Freshwater Fishes of South and Central America. Porto Alegre, Brazil: EDIPUCRS. стр. 582–588.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)