Антонио Марија Боночини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Антонио Марија Боночини

Антонио Марија Боночини роден на 18 јуни 1677 година, а починал на 8 јули 1726 година. Бил италијански виолончелист и композитор, помлад брат на попознатиот Џовани Боночини.

Боночини бил роден и умрел во Модена во Италија, како и неговиот брат, a студирал со Џовани Паоло Колона. Помеѓу 1690 и 1693 година, тој свирел во оркестарот на кардиналот Памфили. Во 1698 година тој ја компонирал алегоријата, La fama eroica, изведена во Рим. Работел неколку години со својот брат, па потоа му се придружил во дворскиот оркестар во Виена, каде што во 1705 година станал Капелмајстер на идниот светоримски император Чарлс VI. Во 1713 година се вратил во Италија, каде што работел во Милано, Неапол и Модена. Во 1721 година станал маестро ди капела во Модена, каде што останал до крајот на својот живот. Покрај неговите сценски дела, тој компонирал над 40 кантати (повеќето за соло глас и чембало), како и света музика, вклучувајќи: Mass in G minor, a Stabat Mater in C Minor, and a Salve Regina .

Опери[уреди | уреди извор]

  • Тигран, ре д'Ерменија (1710)
  • I veri amici (1715)
  • Il tiranno eroe (1715)
  • Сесостри ре д'Егито (1716)
  • La conquista del vello d'oro (1717)
  • Астианат (1718)
  • Гризелда (1718)
  • Нино (1720)
  • Меропе (1721)
  • Ендимионе (1721)
  • Розиклеа во Данија (1721)

Референци[уреди | уреди извор]