Англиска променада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Англиската променада, веднаш до плажата
Поглед од ридот Шато

Англиската променада или Англиското шеталиште (француски: Promenade des Anglais, никардски: Camin deis Anglés) е познато шеталиште долж Средоземното Море кај Ница, Франција.

Историја[уреди | уреди извор]

Плажа во Ница

Пред Ница да биде урбанизирана, брегот на Ница бил опграден со плажи. Првите куќи се наоѓале на повисоко ниво, оддалечени од морето.

Почнувајќи од втората половина на 18 век, Англичаните доаѓале во Ница да го поминуваат зимскиот период, уживајќи во панорамата долж брегот. Кога особено силната зима донела наплив на просјаци во Ница, некои од богатите Англичани предложиле корисен проект за нив: изградба на шеталиште (chemin de promenade) долж морето.

Градот Ница, заинтересиран од проектот за шеталиштето, силно се заложил за негова изградба. Шеталиштето најпрвин било наречено „Англиски пат„ (Camin deis Anglés). По припојување на Ница од Франција во 1860 името било заменето со францускиот назив Англиска променада (La Promenade des Anglais).

Денес[уреди | уреди извор]

За локалните жители, Англиската променада едноставно е позната како Променада (Promenade) или уште пократко Пром (La Prom). Во неделите може да се видат многу велосипедисти, детски колички и цели семејства долж шеталиштето. Исто така станало омилено место за скејтерите.

Бројни настани се одржуваат на шеталиштето, како што се годишниот карневал, битката на цвеќињата и други.

Променадата било местото каде се одржал екипниот хронометар на Тур де Франс 2013, кој се одржал на 2 јули 2013.

Координати: 43°41′26″N 7°14′45″E / 43.69056° СГШ; 7.24583° ИГД / 43.69056; 7.24583