Ана Мајани

Од Википедија — слободната енциклопедија

 Ана Мајани (4 февруари 1936 - 28 февруари 2021 година) била италијански претприемач, позната како „кралица на чоколадото“.[1]

Ран живот и образование[уреди | уреди извор]

Мајани била родена во Болоња, Италија, каде што нејзиното семејство поседувало фабрика за чоколади. На 15 годинишна возраст останала бремена. По завршувањето на студиите, кога имала 18 години, започнала да работи во семејниот бизнис со чоколади, соработувајќи со нејзиниот татко Франческо. Нејзината мајка, Луиза Каведони, била домаќинка.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Нејзината семејна фабрика за чоколада била основана од нејзините предци во 1796 година. Мајани ја презела контролата врз компанијата во 1985 година, но дотогаш семејството ги продало најголемиот дел од акциите во компанијата. За да си ја врати сопственоста таа морала да ја стави под хипотека својата куќа. Мајани станала потпретседател, заедно со синот Франческо Мезадри Мајани, кого го нарекувала „брат“ затоа што биле многу блиски според возраста. За финансиите се грижел нејзиниот син, додека Мајани дизајнирала десетици нови форми, текстури и пакувања за нивните чоколадни колекции. Таа ги претворила чоколадите на нејзиното семејство во дизајнерски предмети и додала харизма на брендот на компанијата.

Мајани починала во Болоња на 28 февруари 2021 година, на 85-годишна возраст, од СОВИД-19. Чоколадната фабрика, во времето на нејзината смрт, со 225 годишна историја, била најстарата фабрика за чоколади во Италија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Morta Anna Majani, la regina del cioccolato“. News Mondo. March 1, 2021.
  2. Bubola, Emma (2021-03-05). „Anna Majani, Grande Dame of Fine Chocolate, Dies at 85“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-03-11.