Прејди на содржината

Амброз

Од Википедија — слободната енциклопедија

Амброз — македонска рок-група која свири блек-метал.

Кариера[уреди | уреди извор]

„Амброз“ е група која свири симфоничен дет-блек метал. Во 2008 година, групата го објавила првото демо-издание „Night Funeral“. На 13 февруари 2015 година, по десетгодишна работа, групата го промовирала својот прв албум под наслов „Into the Endless Void“. На албумот се наоѓаат осум песни, снимени во студиото на гитаристот на групата Иван Јамандиловски. Обвивката на албумот ја изработил пејачот на групата Дамјан Клинчаревски.[1]

Групата свирела на повеќе музички манифестации во Македонија, а во април 2015 година го одржала првиот концерт во странство, во клубот „Адамс“ во Софија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „По 10 години работа, „Амброз“ објавува деби-албум“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 20.