Амам на Коџа Мустафа (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амам на Коџа Мустафа
Општи податоци
Типамам
Стилосманлиска архитектура
Адресаулица Ленинова
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија
Почната16 век
Урната20 век
НарачателКоџа Мустафа Паша
Висина4 м
Димензии
Други димензиивлез 70 см х 1,70 см
Технички податоци
Подна површина145 м2

Амамот на Коџа Мустафа — поранешен амам кој се наоѓал во градот Струмица.

Амамот бил изграден во денешниот централен дел на градот на улица Ленинова. Тој бил откриен во март 1983 година со краткотрајното заштитно археолошко истражување при рушењето на куќи изградени по 1922 година а за изградба на станбена зграда во близина на денешната зграда на собранието. Амамот бил изграден од Коџа Мустафа во времето на султанот Бајазит II (1481-1512) кога дарителот Коџа Мустафа Паша станал везир при Високата порта.

Од амамот биле откриени шест простории, резервоарот за вода и влезот од јужната страна. Амамот зафакал површина од 145м2 со дебелина на ѕидовите од 90 сантиметри и со различна височина на сочуваност на ѕидовите од 1,30 до 4 метри кои биле пресечени со поставувањето на темелите на станбените објекти меѓу двете светски војни кога било целосно уништени и куполното засведување на просториите. Со краткотрајните археолошки истражувања било констатирано дека во внатрешноста влезовите и другите функционални елементи кади - гуртни биле уништени, а сегментарно биле зачувани делови од камен под од плоснати камени плочи што укажува на престанок на активноста на амамот и пренамена за затвор во првите години на XX век.

Ориентацијата на амамот е север - југ, а поголем дел од просторите имат квадратна основа на југоисточната страна додека една со правоаголна основана северозападната страна. Амамот имал мали влезови со ширина од 70 см. висина 1,70 см. а граден бил од печена тула. При градењето биле користени конструктивни елементи пандантифи, лакови преземемени од локалната византиска традиција, засведувањето на просторите со куполно и полубачвесто засведување. Според сегментите од деловите од куполите тие биле перфорирани со мали ѕвездести отвори, а внатре бил украсен со сина боја во калотите црвена и на ѕидовите и сталактитите на аглите.

Амамот со одлука на комисија на тогашниот Републички завод за заштита бил срушен, а на негово место била изградена станбена зграда[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – СТРУМИЦА (2014). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИЈА ПЕТКОВСКА.