Александар Шиколе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Шиколе
Роден 31 јануари 1954
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Починал 25 март 2021(2021-03-25) (возр. 67)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање нефролог

Александар Шиколе (31 јануари 1954 во Скопје25 март 2021 во Скопје) — македонски нефролог и универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Шиколе завршил Медицински факултет во Скопје, каде што и специјализирал. Докторирал во 1994 година од областа на примената на еритропоетинот кај пациенти лекувани со ХД, проблематика на која континуирано работи.

Бил директор на Клиниката за нефрологија (1993-2003; 2006-?). Бил гувернер на Европското здружение за вештачки органи.

Објавил 250 труда.

Починал на 25 март 2021 година по кратко и тешко боледување.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шијачки“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1652. Text "series " ignored (help)
  2. „Почина нефрологот Александар Шиколе“. Фактор Портал. Посетено на 2023-10-28.