Александар Стојановиќ (партизан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Владо Стојановиќ ( 1921 во Скопје1944 во Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во родното место завршил основно училиште и седми клас гимназија. Војната му попречила да го дооформи своето образование. На 9 септември 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во сите позначајни борби и акции против непријателот. Бил учесник во борбите против балистите на Водно, Треска како и во акциите за уништување на сообраќајниците и крстосниците, по кои се движеле германските единици. Учествувал во уличните борби за ослободувањето на Скопје. Потоа ја продолжил борбата против балистите кон Тетово. Во акциите против истиот непријател на Косово, храбро загинал кон крајот на 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 135. На |first= му недостасува |last= (help)