Александар Костадиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Костадиновски
Роден 1925 година
Скопје, Македонија
Починал октомври, 1944 година
Водно, Скопје, Македонија

Александар Трајков Костадиновски ( 1925 во Скопје1944 во Водно, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од бедно семејство, поради што немал услови да го продолжи своето образование и затоа изучил браварски занает. Во скопската ложилница работел како бравар. Се вклучил во народно-ослободителното движење и во акциите за припремање на оружено востание против окупаторот. На 15 септември 1944 година, стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада, во втората чета на првиот баталјон. Бил учесник во маршот на бригадата како и во борбите против балистите и Германците. По успешното потиснување на балистичките сили од падините на Водно, учествувал и во борбите на терените околу концентрираните балистички банди. Во ова победоносна борба, го изгубил својот живот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 205. На |first= му недостасува |last= (help)