Александар Гаталица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Гаталица
GatalicaAleksandar.jpg
Александар Гаталица
Роден/а1964
Белград, СФР Југославија
Значајни делаЛинии на животот
Линии на животот
Чиода со две глави
Невидливи
Белград за странци
Значајни наградиНаграда Милош Црњански
Награда Иво Андриќ
Награда -{Giorgio la Pira}-
Награда Здружение на драмски уметници
Награда Стеван Сремац
Награда -{Umberto Saba}-
НИН-ова награда
Награда Меша Селимовиќ

Александар Гаталица (Белград, 1964) е српски писател, преведувач од антички грчки јазик и музички критичар. Дипломирал во Белград на катедра за општа книжевност и теорија на книжевност со старогрчки јазик.[1].

Како писател се појавува во 1993 година и досега објавил единаесeт книги. Неговата проза е преведена на десет европски јазици. Прозата на Александар Гаталица е објавувана во сите книжевни списанија во некогашна Југославија и во Србија.

Член е на Српското книжевно здружение.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Ги вршел следните функции: Уредник на Едицијaта Европа , Уредник на страницата Светска книжевност, листот Денес, уредник на мултимедијален CD-ром Contemporary Serbian Art, член на Управен Српски ПЕН Центар,. член на Управен одбор на Европско движење во Србија , потпретседател на Европско движење во Србија, уредник на Годишник на српска книжевност на Српскиот ПЕН центар, уредник на изданието Кој е кој (Who`s who ), издание на Српскиот ПЕН центар, Член на Совет за музика РТС, Уметнички директор на Опера и театар Мадленианум, Уредник на додаток на БЛИЦ книга, Уредник за култура на Информативен програм на РТС, Управител на Фондацијата на Народна библиотека на Србија, Начелник на одделение за програма од културата, односи со јавност и протокол на НБС. Како музички критичар, пишувал критики.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Гаталица. "Велики рат"
  2. Српско књижевно друштво/Александар Гаталица

Надворешни врски[уреди | уреди извор]