Адил Газафер
Адил Газафер | ||
Роден | 5 декември 1947 Струга | |
---|---|---|
Занимање | генерал-потполковник |
Адил Газафер (албански: Adil Gazafer), (Струга, 5 декември 1947) — офицер, македонски генерал-потполковник од албанско потекло.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е на 5 декември 1947 година во Струга од татко Беџет и и мајка Фатиме. Основно и средно образование (гимназија) завршил во родниот град. Во периодот 1968-1972 година студирал на Воената академија на копнените сили на ЈНА. Од 1972 до 1974 година бил командир на вод во Ниш. После тоа до 1980 година бил командант на чета во истиот град. Помеѓу 1980 и 1981 година бил заменик командант и помошник командант за планирање во Ниш. Од 1981 до 1984 година бил предавач во Центарот за обука за територијална одбрана на Автономната Социјалистичка Покраина Косово. Помеѓу 1984 и 1986 година бил командант на баталјон во Приштина. Од 1986 до 1989 година бил командант на полк. Во периодот 1989 - 1992 година бил инспектор за одбранбена обука за Народната одбрана на Автономната Социјалистичка Покраина Косово. Во 1992 година влегува во новосоздадената армија на Република Македонија како командант на 16-та пешадиска бригада од Третиот армиски корпус. Од 1994 до 1996 година бил заменик командант задолжен за гарнизони и сместување во Скопје. Во 1996 година дипломирал на Школата за национална одбрана во Турција. Во периодот 1996-2000 година бил командир на Центарот за обука на граничната полиција во Велес. Од 2000 до 2001 година бил командант на 16. пешадиска бригада во Штип. Помеѓу 2001 и 2002 година бил заменик командант на командата за обука, а од 2002 до 2003 година бил нејзин командант. Во периодот 2003-2008 година бил заменик на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Се пензионирал во септември 2008 година[1].
Воени чинови
[уреди | уреди извор]- Потпоручник (1972)
- Поручник (1974)
- Капетан (1977)
- Капетан 1 класа (1979)
- Мајор (1983)
- Потполковник (1988)
- Полковник (1994)
- Бригаден генерал (18 август 2000 година) (Уредба бр. 14) [2]
- Генерал-мајор (2003)
- Генерал-полковник (2007)
Награди
[уреди | уреди извор]- Орден за воени заслуги со сребрени мечеви 1975 година;
- Орден на Народната армија со сребрена ѕвезда 1981 година;
- Орден за воени заслуги со златни мечеви 1986 година;
Трудови
[уреди | уреди извор]- „Тактиката како оперативна вештина, тактички знаци и симболи“.
- „Зајакната пешадиска бригада во напад“, (дипломски труд за Командноштабна академија)
- „Македонија во рамките на Балканот, 1. Актуелна политичко-економска состојба и армиска состојба, 2. Во контекст на геостратешката положба и опкружување, во која насока ќе се развива државата и каква организациона структура ќе има армијата во иднина“ (Теза за Школата за национална одбрана).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Стојановски, М. и Стојаноски, Б. Воени генерали во Македонија (1943 – 2017). 2-ро издание. Печатница „ЕВРОПА 92" – Кочани, 2017, с.90“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-08-03. Посетено на 2023-03-27. no-break space character во
|title=
во положба 68 (help) - ↑ Службен весник на Република Македониjа, бр. 68, с. 4439