Џоу Фанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Дворска дама како штима лејта“ од Џоу Фанг

Џоу Фанг (кинески: трад. 周昉, пинјин: Zhōu Fǎng; ~ 730-800) — влијателен кинески сликар од времето на династијата Танг. Живеел во VIII век во престолнината Чанган (подоцна Сиан). Бил благородник, претставувајќи го дворскиот живот на дела како „Дворски дами како се китат со цвеќе“, „Дворска дама со слуги“ и др. Во работата попримил влијанија од јасниот и подробен стил на Гу Кајџе и Лу Танвеј — ликовни творци од времето на Шесте династии.

Ликовниот критичар Џу Џинг Сјуен малку подоцна за Фанговите дела ќе рече: „Делата на Џоу Фанг како неговиот Буда, небесните суштества, ликовите, и сликите со убави жени — сите тие се неверојатни ремек-дела.“

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Џанг Сјуен — друг важен дворски сликар од времето на династијата Танг

Наводи[уреди | уреди извор]