Џабел Баркал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џабел Баркал
جبل بركل Image = Jebel Barkal
Светско наследство на УНЕСКО
КритериумCultural: i, ii, iii, iv, vi
Навод1073
Запис2003 (27th заседание)

Џабел Баркал (арапски: جبل بركل) е планина која се наоѓа во Судан, на околу 400 километри северно од главниот град Хартум. Во околу 1450 п.н.е., фараонот Тутмос III ја раширил својата империја, а планината претставувала граница на империјата. По околу 300 години бил основан град наречен Напата, кој станал престолнина на кралството Куш.

Рушевините околу Џабел Баркал вклучуваат 13 храмови и 3 дворци, од кој најзначаен е оној на Амон. Од 2003 година реонот бил вклучен во списокот на УНЕСКО.