Ќупри (мост)
Изглед
| Ќупри Κιουπρί | |
|---|---|
Поглед на мостот | |
| Координати | 40°48′10″N 22°2′42″E / 40.80278°N 22.04500°E |
| Преминува | Вода |
| Место | Воден, Егејска Македонија |
| Особености | |
| Вид | лачен |
| Материјал | камен |
| Вкуп. должина | 28 м |
| Ширина | 3 м |
| Распони | 1 |
| Местоположба | |
![]() | |
Ќупри (грчки: Κιουπρί) — камен мост од османлиско време во градот Воден, Егејска Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Мостот ја преминува реката Вода во западниот дел на Воден, на местото каде таа навлегува во градот.
Историја
[уреди | уреди извор]Овој едносводен камен мост има должина од 28 и ширина од 3 м. Околу него има паркче со стари чинари. Мостот е споменат од патописецот Евлија Челебија во 1668 г. По традиција од него се фрла крстот за Водици. Шведскиот сликар Бертил Кумлиен го насликал мостот и неговата околина при посетата на градот.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Έδεσσα .... "Βυζαντινή Γέφυρα"“. EdessaCity.gr. Посетено на 21 август 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Ќупри (мост) на Ризницата ?
