Љубовите на Кармен

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Љубовите на Кармен“ (англиски: The Loves of Carmen) — американски филм од 1948 година, во режија на Чарлс Видор по сценариото на Хелен Дојч, кое е засновано врз новелата „Кармен“ на Проспер Мериме. Главните улоги ги толкуваат: Рита Хејворт, Глен Форд и Рон Рендел. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобра фотографија (Вилијам Е. Снајдер).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Една преубава, но неморална девојка наведува еден војник да ја предаде својата чест. Него го отпуштаат од војската, а поради неа тој наскоро навлегува во криминални активности...

Наводи[уреди | уреди извор]