Прејди на содржината

Љубе Петров

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љубе Славев Петров ( 1927 во Скопје1944 во Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Втората светска војна го затекнала на ученичка клупа. Како напреден младинец го помагал Народноослободителното движење. Во првата половина на 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ. Подоцна се приклучил кон Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во вториот баталјон. Бил учесник во сите нејзини борби против балистите и Германците во околината на својот град, како и во уличните борби за неговото ослободување. По ослободувањето на Скопје заминал во потера против балистите кај Сарај, а подоцна и кон Тетово. По напорниот марш на Бригадата и борбите при една починка, еден негов соборец не сакајќи смртно го погодил.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 112–113. На |first= му недостасува |last= (help)