Прејди на содржината

Јутубер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логотип на Јутуб 2017

Јутубер, може и како јутјубер или творец на содржина на Јутуб/Јутјуб — позната личност на интернет и видеограф, кој популарноста ја стекнал со објавување на видеоснимки на Јутуб, мрежно место за делење видеозаписи. Поедини јутубери имаат корпоративни спонзори што плаќаат прикриено огласување (англиски: product placement) во нивните клипови или снимање на онлајн огласи.

Значењето на изразот јутубер последните години се менувало заради ослонувањето на приходите од реклами и спонзорирани содржини.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Поимот јутубер се однесува на поединец чија главна или единствена платформа е јутуб-канал, персонализирана потстраница на Јутуб, платформа за делење видеоснимки.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]
Џод Карим, соосновач на Јутуб, го отворил првиот јутуб-канал Џод на 23 април 2005 година

Доменот на интернет под име „www.youtube.com” го покренала на 14 февруари 2005 година Чад Херли, Стив Чен и Џод Карим кога работеле за Пејпал.[2] Првиот јутуб-канал под име Џод го отворил истоимениот соосновач на Јутуб на 23 април 2005 година според тихоокеанското летно време (односно, на 24 април 2005 година според координираното универзално време).[3][4] Истиот ден ја поставил првата кратка влог видеоснимка со име Јас во зоолошка градина.[5]

Во октомври 2005 година, Јутуб вовел можност за претплата на јутуб-канали.[6] Њујорк тајмс тврди дека поголемиот број видеоснимки на Јутјуб до 2006 година биле сосредоточени на различни видови таленти: акробации како салто наназад, усни синхронизации и таленти на други луѓе кои биле прикачени во облик на клипови, како клиповите од емисијата Во сабота навечер во живо.[7] Од јуни 2006 година, познати холивидски и музички фирми почнале да воспоставуваат деловни врски со јутуберите. Се смета дека прв јутјубер кој воспоставил такви врски бил блогерот и комчарот Брук „Брукерс” Бродак (со Карсон Дејли),[8] потоа пејачот Џастин Бибер (со Ашер)[9] и лекарот и политички сатиричар Басем Јусеф (со египатската телевизиска мрежа).[10][11] Во 2007 година, Јутуб го покренал „Партнерски програм”, аранжман за распределба на приходите од огласи кој им овозможил на јутуберите да заработуваа пари од видеоснимки кои ги аплодираат на платформата.[12]

Во октомври 2015 година, постоеле повеќе од 17.000 јутјуб канали со повеќе од 100.000 претплатници и скоро 1.500 со повеќе од милион претплатници.[13]

Влијание

[уреди | уреди извор]
Моментално Пјудипај е поединечен корисник на Јутуб со најмногу претплатници. Порано бил најпретплатен канал на платформата, но на почетокот на 2019 година го надминала индиската дискографска куќа T-Series.

Според повеќекратни истражувања, јутуберите станале важен извор на информации и забава за миленијалците.

Во анкета од 2014 година која ја спровел Универзитот на Јужна Калифорнија, кај деца на возраст од 13 до 18 години во Соединетите Американски Дражави дали се повлијателни 10 јутубери или 10 традиционални познати личности, јутуб-личностите ги зазеле првите пет места на ранг-листата, а јутјуб каналот Смош (Smosh) бил на врвот на списокот.[13] Кога во 2015 година била повторена анкетата, јутуберите ги зазеле првите шест места на списокот, при што Кеј-Ес-Ај бил на врвот на истиот.[14]

Неколку истакнати јутубери и нивното влијание биле предмет на научни истражувања, како Зоела[1] и Пјудипаја.[15] Заради нивото на влијание, , Роберт Ховден се залагал за создавање нов индекс сличен на г-индексот и х-индексот за процена на влијанието на Јутуб.[16]

Трговски успех

[уреди | уреди извор]

Успехот на нивните јутуб-видеоснимки ги направил јутуберите мети на корпоративните спонзори, кои плаќаат да бидат прикажани во видеоснимките. Во 2015 година, Форбс известил дека Феликс Шелберг, на платформата познат како Пјудипај, заработил 12 милиони долари во 2014 гподина, што било повеќе од некои популарни глумци како што се Камерон Дијаз или Гвинет Палтроу.[17] Во август 2018 година, Волмарт, Нордстром и други фирми ги барале јутуб-ѕвездите за амбасадори.[18]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Jerslev, Anne (14 октомври 2016). „In the Time of the Microcelebrity: Celebrification and the YouTuber Zoella“. International Journal of Communication (англиски). 10 (2016): 5233–5251. ISSN 1932-8036.
  2. Graham, Jefferson (21 ноември 2005). „Video websites pop up, invite postings“. USA Today. Посетено на 2 мај 2018.
  3. „jawed“. YouTube (англиски). Посетено на 2 јуни 2018.
  4. „Extract Meta Data“. citizenevidence.amnestyusa.org. Посетено на 2 јуни 2018.
  5. „YouTube created a FOMO viewing culture over the past 13 years“. Polygon. 23 април 2018.
  6. „Official YouTube Blog“ (англиски). Посетено на 10 јуни 2018.
  7. Carney, John (16 април 2006). „People Who Watch People: Lost in an Online Hall of Mirrors“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 3 јуни 2018.
  8. Collins, Scott (19 јуни 2006). „Now she has their attention“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на 2017-10-18. Посетено на 2020-02-04.
  9. Herrera, Monica (19 март 2010). „Justin Bieber – The Billboard Cover Story“. Billboard. Архивирано од изворникот 2014-01-16. Посетено на 2020-02-04.
  10. Simon, Bob (16 март 2014). „Meet the „Jon Stewart of Egypt": Bassem Youssef (60 Minutes transcript)“. CBS News. Архивирано од изворникот 2014-03-17. Посетено на 2020-02-04.
  11. „Youssef: 'Important to have other opinions'. Deutsche Welle. 7 февруари 2014. Архивирано од изворникот 2014-03-17. Посетено на 2020-02-04.
  12. John Seabrook (16 јануари 2012). „Streaming Dreams“. www.newyorker.com (англиски). Архивирано од изворникот 2014-01-09. Посетено на 6 јуни 2018.
  13. 13,0 13,1 Dredge, Stuart (3 февруари 2016). „Why are YouTube stars so popular?“. The Guardian (англиски).
  14. Ault, Susanne (23 јули 2015). „Digital Star Popularity Grows Versus Mainstream Celebrities“. Variety (англиски).
  15. Beers Fägersten, Kristy (1 август 2017). „The role of swearing in creating an online persona: The case of YouTuber PewDiePie“. Discourse, Context & Media (англиски). 18: 1–10. doi:10.1016/j.dcm.2017 април 002 Проверете ја вредноста |doi= (help). ISSN 2211-6958.
  16. Hovden, Robert (12 септември 2013). „Bibliometrics for Internet media: Applying theh-index to YouTube“. Journal of the American Society for Information Science and Technology (англиски). 64 (11): 2326–2331. arXiv:1303.0766. doi:10.1002/asi.22936. ISSN 1532-2882.
  17. Mandle, Chris (15 октомври 2015). „Forbes names PewDiePie as highest-earning YouTuber with annual income reaching $12m“. The Independent. Посетено на 11 јуни 2018.
  18. Jones, Charisse (6 август 2018). „Walmart, Nordstrom and others look to YouTube stars to woo millennials and Gen Z“. CNBC. NBCUniversal. Посетено на 7 август 2018.