Јордан Георгиевски (партизан)
Јордан Трајков Георгиевски ( 1919 во Скопје — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од cиpoмашнo семејство. По завршувањето на основното училиште, поради лошите материјални услови не го продолжил своето натамошно образование. Се вработил како млекар. Во народно-ослободителната борба се вклучил во 1944 година, сестрано помагајќи го народно-ослободителното движење. Поради пројавената активност, бугарската фашистичка полиција често го прогонувала и затворала. На 12 и 13 ноември 1944 година, кога народно-ослободителните единици ја започнале борбата за ослободување на Скопје, меѓу жителите што излегле по улиците за да им дадат поткрепа на борците, бил и тој. Некаде пред Учителското училиште, сега веќе како борец на Дванаесеттата македонска ударна бригада, храбро загинал од непријателски куршум, при уништувањето на една закрепена група Германци.