Јован Србиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јован Србиновски (Непроштено, тетовско, 1948) — македонски инженер, металург и долгогодишен директор на ХЕК „Југохром“ од Јегуновце.

Животопис[уреди | уреди извор]

Србиновски е роден во тетовското село Непроштено во 1948 година. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во 1972 година . Во „Југохром“ е од 1972 година, како инженер, директор на развојот, технички директор и генерален директор од 1991 година. Извршувал повеќе функции во органите на СФРЈ. Бил пратеник во Собранието на Македонија[1]. Автор е на стручни трудови и иновации. Живее во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Јован Србиновски“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-02.