Јеју опера

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јеју опера е традиционална кинеска опера, која е комбинација од мандаринска традиционална опера и кантонски дијалект. Оваа опера е впишана на Списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО во 2009 година.[1]

За операта[уреди | уреди извор]

Јеју операта е позната по прекрасното либрето пеење и елегантната експресивност. Таа претставува една од петте главни кинески опери и е втора најголема опера во земјата. Позната како „Кинеска драма“. Јеју операта се карактеризира со комбинација на гудачки и ударни инструменти, со сложени костими и сликање на лице. Популарен е низ Кина и обезбедува културна врска помеѓу кантонските говорници во земјата и во странство.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Јеју операта е создадена во 1906 година во округот Шенжен како форма на јавна забава. Во раните фази на развојот на Јеју операта, актерите обично ја користеле истата облека што ја носеле во секојдневниот живот, како наметки, долги фустани. Подоцна костимите биле изработувани од меки материјали во светли бои. Овој посебен стил се разликува од другите традиционални кинески опери. Во почетокот, машките актери обично не се шминкале. Подоцна, актерите и актерките почнаа да користат масна боја како шминка.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Yueju opera“. UNESCO Culture Intangible Heritage. Посетено на 29. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „Yueju Opera: Known for its beautiful singing of lyric librettos and elegant expressiveness“. Govt chinadaily. Посетено на 29. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)