Прејди на содржината

Јастребите и врапчињата (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јастребите и врапчињата (италијански: Uccellacci e uccellini) - италијански филм од 1966 година, во режија на Пјер Паоло Пазолини, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Тото и Нинето Даволи.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Тото (го игра Тото) и неговиот син Нинето (го игра Даволи) патуваат наоколу и на патот среќаваат гавран кој зборува. Тогаш, гавранот им ја раскажува приказната за калуѓерите Чилио (го игра Тото) и Нинето (го игра Даволи), следбеници на св. Франциско од Асиси. Според советот на својот учител, Чилио го учи јазикот на птиците и се обидува да ги убеди јастребите и врапците да го следат божјиот пат, но птиците не сакаат да го послушаат. Во продолжение, Тото посетува една сиромашна жена која им должи пари, но потоа и тој е предмет на гневот на еден богат човек кој од него бара да му го врати долгот. Одејќи по патот, тие среќаваат млада проститутка при што прво Тото, а потоа и Нинето имаат сексуални односи со неа. Филмот завршува така што Тото го убива и го јаде гавранот.[1]