Јакуиба
| Јакуиба Yacuiba | |
|---|---|
| Местоположба во Боливија | |
| Координати: 22°02′22″S 63°40′54″W / 22.03944°S 63.68167°W | |
| Држава | |
| Департман | Тариха |
| Покраина | Гран Чако |
| Општина | Јакуиба |
| Кантон | Јакуиба |
| Надм. вис. | 650 м |
| Население (2001) | |
| • Вкупно | 64.611 |
| Мреж. место | www.yacuiba.com |
Јакуиба (шпански: Yacuiba) е град во Боливија, главен град на покраината Гран Чако во департманот Тариха. Градот се наоѓа на 3 км од границата со Аргентина. Јакуиба има население од околу 80.000 жители и се наоѓа на 620–680 метри надморска височина. Градот е еден од градовите во Боливија кои имаат забрзан раст на населението поради забрзаниот економски развој во околината. Градот бил под аргентинска управа до 1900 година.
Поради својата местоположба, Јакуиба е значајно трговско место. Преку боливиско-аргентинската граница се наоѓа Салвадор Маза. Јакуиба е патно поврзан со Санта Крус де ла Сиера и Тариха. Во градот оперира и аеродромот Јакуиба.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Името на градот доаѓа од гваранските зборови yaku-iba што грубо преведено значи „дупка со вода за живина“.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјален портал за туризам Архивирано на 10 март 2007 г.
- Традиционална облека Архивирано на 10 март 2007 г.
- Традиционална музика Архивирано на 1 јануари 2007 г.
22°02′22″S 63°40′54″W / 22.03944°S 63.68167°W