Јакуиба

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јакиба)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јакуиба
Yacuiba
P7260383 Yacuiba estación.JPG
Јакуиба is located in Боливија
Јакуиба
Јакуиба
Местоположба во Боливија
Координати: 22°02′22″S 63°40′54″W / 22.03944° ЈГШ; 63.68167° ЗГД / -22.03944; -63.68167
ДржаваFlag of Bolivia.svg Боливија
ДепартманТариха
ПокраинаГран Чако
ОпштинаЈакуиба
КантонЈакуиба
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Население (2001)
 • Вкупно64.611
Мреж. местоwww.yacuiba.com

Јакуиба или Јакиба (шпански: Yacuiba) е град во Боливија, главен град на покраината Гран Чако во департманот Тариха. Градот се наоѓа на 3 км од границата со Аргентина. Јакуиба има население од околу 80.000 жители и се наоѓа на 620–680 метри надморска височина. Градот е еден од градовите во Боливија кои имаат забрзан раст на населението поради забрзаниот економски развој во околината. Градот бил под аргентинска управа до 1900 година.

Поради својата местоположба, Јакуиба е значајно трговско место. Преку боливиско-аргентинската граница се наоѓа Салвадор Маза. Јакуиба е патно поврзан со Санта Крус де ла Сиера и Тариха. Во градот оперира и аеродромот Јакуиба.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на градот доаѓа од гваранските зборови yaku-iba што грубо преведено значи „дупка со вода за живина“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 22°02′22″S 63°40′54″W / 22.03944° ЈГШ; 63.68167° ЗГД / -22.03944; -63.68167