Свети Ѓорѓи Јанински

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ѓорѓи Јанински)
Свети Ѓорѓи Јанински
Роден 1810
Чурхли, Гревенско, Егејска Македонија
Починал 17 јануари 1838
Јанина, Епир
Занимање светец

Свети Ѓорѓи Јанински (роден во 1810 година во село Чурхли, Гребен — починал на 17 јануари 1838 година во Јанина) — светец со потекло од Албанија. Потекнивал од многу сиромашни родители, земјоделци. Бил присилуван од Турците да се потурчи, но тој останал непоколеблив во христијанската вера заради што бил обесен во Јанина на 17 јануари 1838 година. Православната црква го почитува како светец[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јанински“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 503. Text "series " ignored (help)