Yelawolf

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Yelawolf
Родено име Мајкл Вејн Aта
Роден(а) декември 30 1979 (1979-12-30) (34 г.)
Потекло Алабама, САД
Жанрови хип хоп
Занимања рапер, скејтбордер
Период на активност 2005–денес
Издавачи Ghet-O-Vision,[1] Шејди, Интерскоп, DGC Рекордс, Slumerican Рекордс
Соработници Еминем, Big K.R.I.T, Slaughterhouse, Ед Ширан, Тревис Баркер, Виз Калифа
Мреж. место Официјалната веб страница на Yelawolf

Мајкл Вејн Aта, подобро познат по неговото уметничко име Yelawolf, е американски рапер. Тој во моментов има потпишано со Шејди Рекордс и Интерскоп Рекордс, и оттогаш формирал своја независна издавачка куќа, Slumerican Рекордс.

Кариера[уреди]

Ата првпат се појавил во ТВ шоуто Патот до ѕвездите со Миси Елиот. По неговото елиминирање од шоуто, тој ја издал својата демо снимка „Pissn' in a Barrel of Beez“ во 2005 год. Истата година го издадал својот независен деби албум Creek Water. Две години подоцна, Мајкл потпишал договор со Колумбија Рекордс, под чија капа го издал синглот „Kickin'“ од неговиот претстоен прв студиски албум, кој бил објавен под истата продуцентска куќа. Од 2008 до 2010 година, Ата објавил еден мини албум и четири касети со незавршени песни. Trunk Muzik, четвртата негова демо касета, беше, исто така, издадена од страна на Интерскоп Рекордс, како мини албум наречен Trunk Muzik 0-60. Во 2011 година, тој потпишал договор со Шејди Рекордс, и неговиот деби албум Radioactive бил издаден на 21 ноември, 2011 год. Проектот наишол на позитивни оценки од музичката критика. Дебитирал на 27-то место на Билборд листата. Магазинот Esquire го прогласил Yelawolf за еден од најдобрите млади рапери за 2011 година.[2]

Телевизија[уреди]

Во декември 2010 год. во интервју со еден канадски музички веб-сајт , тој изјавил дека негов идол е Андре 3000 од OutKast. Во февруари 2011 год, тој се појавил во една епизода на крими-серијата Истрага на местото на злосторството, заедно со раперот Пол Вал и пејачката Кристина Милан.[3]

Музика[уреди]

Yelawolf потпишал договор со Колумбија Рекордс во 2007 год, и го снимил својот деби албум насловен како „Fearin' and Loathin' in Smalltown, USA“ кој никогаш не бил објавен, но и синглот „Kickin'“ бил издаден со видео запис. Подоцна истата година Yelawolf бил отпуштен од продуцентската куќа на Рик Рубин. Во 2010 година, тој направил гостување на албумит на Бизар од Д12, Friday Night at St. Andrews, како и на албумите на Биг Бои, Пол Вал, и Џуел Сантана. Неговата демо снимка, Trunk Muzik 0-60, беше неговиот прв позначаен музички проект, кој бил издаден на 22 ноември 2010 под Ghet-O-Vision Entertainment и Интерскоп Рекордс. Yelawolf исто така беше учесник во ТВ шоуто Патот до ѕвездите со Миси Елиот. Yelawolf беше на насловната страница на мартовското издание на магазинот XXL за 2011, заедно со колегата рапер Еминем и другите новопотпишани рапери од Шејди Рекордс семејството. Неговиот прв студиски албум Radioactive, беше издаден на 21 ноември, 2011. Yelawolf е исто така беше изгласан во групата Топ 10 надежни рапери за 2011 од страна на XXL, најмногу поради макотрпната работа и многуте снимени песни. Пред него на листата биле Кендрик Ламар, Cyhi Da Prynce, Big KRIT и други.

Еминем и Џим Џонсин работеа заедно со Yelawolf на неговиот деби албум Radioactive, кој беше издаден преку Интерскоп и Шејди Рекордс. На 14 април, Yelawolf открил дека тој ќе го издаде својот претстоен албум во почетокот на септември, а меѓу продуцентите ќе бидат Еминем, Џим Џонсин, J.U.S.T.I.C.E. League, Diplo, The Audibles, Pooh Bear и WillPower of SupaHot Beats. На 18 мај Yelawolf го објавил својот прв сингл од Radioactive кој беше насловен „Gangsta of Love“, со музичка поддршка на Cyhi Da Prynce. На 10 јуни, Yelawolf го открил датумот на излегување на Radioactive во Лондон, Англија пред неговиот прв тамошен настап, велејќи дека ќе биде објавен на 25 октомври. На први јули, спотот за „Gangsta of Love“ беше поставен на интернет, каде раперот Cyhi da Prynce рецитираше само при крајот на песната. Композицијата беше во продукција на Џим Џонсин. На 7 јули, Yelawolf изјавил дека објавената незавршена верзија на песната нема да биде негов прв сингл повеќе и дека нема да се најде во конечниот избор песни за албумот. Yelawolf исто така соопштил дека ќе дозволи негова песна да се најде на видео играта Driver: San Francisco. Бил снимен нов музички спот за песната „No Hands“, која требаше да биде вклучена во Radioactive. Видеото се снимаше во Сан Франциско, во режија на Ерик Пејтон кој претходно има работено со Снуп Дог, како и со други помалку познати изведувачи.

На 24 јануари 2012 год, Yelawolf објавил промотивна нумера со британскиот пејач Ед Ширан со наслов „You Don't Know (For Fuck's Sake)“. Песната се нашла на мини албумот „The Slumdon Bridge“, кој бил дигитално достапен од 12 февруари, 2012 год. На 31 јануари 2012 год, беше прикажана реклама за албумот, прикажувајќи ги двајцата музичари во студиото како работат на изготвување на дискот. За време на видео Yelawolf открил дека мини албумот бил снимен за само 10 часа, вклучувајќи ги сите планирани песни. ЦД и винил изданијата беа подоцна објавени од Warner Music на 24 април.

На 20 март, 2012 год, Yelawolf објавил на својот Твитер профил дека студиските сесии за новиот албум ќе започнат во јуни истата година, а албумот ќе биде со наслов Love Story. Во текот на интервјуто со DJ Skee тој открил дека продолжението на неговиот демо проект од 2010 год. „Trunk Muzik“ ќе биде објавен во август 2012 година, под наслов „Trunk Muzik Returns“ и додал дека работа со Биг Бои за него била бесценето искуство. Двајцата одлучиле заеднички да направат албум под името „Country Cousins“, каде како гостин би се појавиле раперите Биг KRIT и DJ Skee.[4]

Дискографија[уреди]

Студиски албуми
Мини албуми
Заеднички проекти
Демо касети

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]