WGS84

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ориентација со гравиметриски појдовник

Светскиот геодетски систем (крат. WGS84 од англ. World Geodetic System 1984) е појдовен стандард во картографијата, геодезијата, морепловството и воздухопловството. Составен е од стандардна координатна рамка на Земјата, стандардна сфероидна упатна површина („појдовен елипсоид“ или „појдовник“, лат. datum) за сирови податоци за надморска височина и гравитациски еквипотенцијална површина („геоид“) која го определува „номиналното морско ниво“.

WGS 84 е најновата верзија на системот (изработена во 1984, последна преработка во 2004), која треба да важи до 2010 г.[1] Претходно важеле системите WGS 72, WGS 66, and WGS 60. WGS84 е појдовниот координатен систем што го користи Глобалниот систем за позиционирање (GPS).

Главни параметри[уреди]

За координатен почеток на WGS84 е земено Земјиното тежиште. Се смета дека грешката (отстапката) е помала од 2 см.[2]

Во WGS84, меридијанот на нулта географска должина е појдовниот меридијан на IERS.[3] Овој меридијан се наоѓа 5,31 лачни секунди источно од гриничкиот Нулти меридијан, што соодветствува на 102,5 метри на географската ширина на Гриничката опсерваторија.[4][5]

Рачен GPS-приемник што покажува дека појдовниот меридијан е 0,084 лачни минути (5,3 лачни секунди) источно од појдовникот на WGS84

Според последната преработка, упатната површина на WGS84 се дефинира како сплеснат сфероид (елипсоид), со главен (напречен) радиус a = 6.378.137 м на екваторот и сплеснување f = 1/298,257223563.[6] Величината (поларниот радиус) на главната полуоска b може да се изведе од b = a (1 - f) ≈ 6356752,3142 м.[7]. Ова претставува сплеснување од 21,384 685 755 км, односно ≈ 0,335%).

Моментално WGS84 го користи геоидот на Моделот на земјината гравитација 1996 (EGM96), исто така преработен во 2004. Овој геоид ја определува номиналната површина на морското ниво по пат на сферна хармонија на степен 360 (што дава околу 100 км хоризонтално разложување).[8] Отстапувањата на геоидот EGM96 од појдовниот елипсоид на WGS84 се движат од околу -105 м до околу +85 м.[9] EGM96 се разликува од изворниот геоид на WGS84, кој се нарекува EGM84.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „World Geodetic System website of the NGA“. NGA. https://www1.nga.mil/ProductsServices/GeodesyGeophysics/WorldGeodeticSystem/Pages/default.aspx. 
  2. „The EGM96 Geoid Undulation with Respect to the WGS84 Ellipsoid“. NASA. http://cddis.nasa.gov/926/egm96/doc/S11.HTML. 
  3. Eurocontrol and IfEN: WGS 84 Implementation Manual, стр. 13. 1998
  4. History of the Prime Meridian -Past and Present
  5. National Maritime Museum: "The Longitude of Greenwich"
  6. National Imagery and Mapping Agency Technical Report TR 8350.2 Third Edition, Amendment 1, 1 јануари 2000, "Department of Defense World Geodetic System 1984"
  7. National Imagery and Mapping Agency Technical Report TR 8350.2 Third Edition, Amendment 1, 1 јануари 2000, "Department of Defense World Geodetic System 1984"
  8. NGA/NASA EGM96, N=M=360 Earth Gravitational Model
  9. EGM96 15' x 15' Geoid Undulation Plot

Надворешни врски[уреди]