GPS

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Концептуална слика на GPS сателит во орбитата
Концептуална слика на GPS сателит во орбитата
GPS приемник на цивилен брод.
GPS приемник на цивилен брод.

Глобален систем за позиционирање или ГПС (англиски: Global Positioning System или GPS) е единствениот целосно функционален глобален навигациски сателитски систем (GNSS). Користејќи група од најмалку 24 сателити што пренесуваат прецизни микробранови сингали, системот овозможува GPS приемниците да ја пресметаат нивната локација, брзина, правец и време. Други слични системи се рускиот ГЛОНАСС (во 2008 сѐ уште незавршен), најавениот европски Галилео систем за позиционирање, предложениот COMPASS навигациски систем на Кина и ИРНСС на Индија.

GPS системот е развиен од Американскиот Департмент за Одбрана и е официјално именуван NAVSTAR GPS (NAVSTAR не е акроним, туку е име дадено од Џон Волш, клучен донесувач на одлуки кога се работело за буџетот за GPS програмата).[1] Групата од сателити е управувана од 50-тиот Space Wing на Американското Воено Воздухопловство. Цената на оддржувањето на системот е приближно 750 милиони УСД годишно,[2] вклучувајќи ја замената на стари сателити и истражување и развивање.

[уреди] Поедноставен метод на функционирање

Типичен GPS приемник ја пресметува неговата позиција користејќи сигнали од четири или повеќе GPS сателити. Четири сателити се потребни бидејќи на процесот му е потребно многу прецизно локално време, повеќе точно од тоа што може да обезбеди било кој нормален часовник, па приемникот внатрешно го пресметува времето како и позицијата. Со други зборови, приемникот користи четири мерења за да се пресметаат четири променливи - x, y, z, и t. Овие вредности се претвораат во повеќе разбирливи форми, како што е географска ширина/должина или локацја на мапа, и потоа презентирани на корисникот.

Секој GPS сателит има атомски часовник и непреќинато праќа пораки кои го содржат тековното време на почеток на пораката, параметри за калкулирање на локацијата на сателитот (the ephemeris), and и општата состојба на системот (the almanac). Сигналите патуваат со позната брзина - брзина на светлината низ просторот. Приемникот го користи времето на пристигнување за да го пресмета растојанието до секој сателит, од каде што ја детерминира позицијата на приемникот користејки геометрија и тригонометрија (види trilateration[3]).

Иако четири сателита се потребни за нормално фукционирање, во некои посебни случаи може да се потребни и помалку. На пример, ако една променлива е веќе позната (на пример, брод на море знае дека неговата надморска височина е 0), радиоприемникот ја пресметува неговата позиција користејќи само три сателити. Приемниците користат и други податоци (доплеров ефект на сателитските сигнали, последната позната позиција, навигација на проценка, инерцијална навигација, итн.) за да дадат поневеродостојни одговори кога помалку од 4 сателити се видливи.

[уреди] Референци

  1. Parkinson, B.W. (1996), Global Positioning System: Theory and Applications, chap. 1: Introduction and Heritage of NAVSTAR, the Global Positioning System. pp. 3-28, American Institute of Aeronautics and Astronautics, Washington, D.C.
  2. GPS Overview from the NAVSTAR Joint Program Office. Accessed December 15, 2006.
  3. HowStuffWorks: How GPS Receivers WorkAccessed May 14, 2006.


Преземено од "http://mk.wikipedia.org/wiki/GPS"
Лични алатки