Точка од интерес

Од Википедија — слободната енциклопедија

Точка од интерес (анг. Point of interest, или скратено POI) е одредена точка т.е. местоположба која за некого може да биде корисна или од интерес. На пример, ова може да биде точка на Земјата која ја претставува местоположбата на Самуиловата тврдина, или точка на планетата Марс која ја претставува местоположбата на планината Олимп.

Поимот POI е широко употребуван во картографијата, особено во електронските варијанти вклучувајќи ги ГИС, GPS друг навигациски програмска опрема, каде POI се нарекува и како патна точка (waypoint).

GPS-точки на интерес се состои најмалку од географската ширина и должина, иако вообичаено е вклучен и назив за опис на точката од интерес. Може да бидат додадени и други информации како на пример: висина или телефонски број. GPS апликации обично користат икони за претставување на различни категории на точки од интерес на географската мапа[1]

Множества на точки од интерес[уреди | уреди извор]

Дигиталните карти за модерни GPS уреди обично вклучуваат основно множество на точки од интерес.[2]

Но постојат мрежни места кои се специјализирани во собирањето, управувањето и дистрибуцијата на точките од интерес кои крајниот корисник може да ги земе и стави на неговиот уред за да ги замени или дополни постоечки точки од интерес. Додека некои од мрежните места се општонаменски, собираат и категоризираат точки од било кој интерес, други сè повеќе специјализираат во одредена категорија (пример соораќајни радари). Крајните корисници исто така имаат можност да создадат нивни сопствени множества на точки од интерес.

Комерцијални множества на точки од интерес, особено тие што доаѓаат со дигиталните мапи, или се продаваат со зачленување се вообичаено заштитени со авторски права. Сепак постојат многу страници кои содржат бесплатни множества на точки од интерес.

Апликации[уреди | уреди извор]

Апликациите за точки од интерес се со голем капацитет. Сметачките уреди кои содржат и ГПС-модул и имаат програми кои користат дигитални карти се сè повеќе достапни, така што заедно се распространуваат и апликациите за точки од интерес. Поновите дигитални фотоапарати можат да користат автоматско геоозначување на фотографијата со GPS-местоположба каде сликата е направена.

Формат на документи[уреди | уреди извор]

Постојат различни формати на податотеки кои се користат за зачувување на POI податоци, како дури и таму каде што се користат во ист основен WGS84 систем. Некои од причините за постоењето на многу различни варијации на зачувување на исти податоци се:

  • Недостаток на стандарди во ова поле (GPX е забележлив обид за адресирање на овој проблем).
  • Обиди од некои програмски добавувачи да ги заштитат нивните податоци со обфускација.
  • Проблеми со авторски права кои ги спречуваат компаниите од употреба на конкуренциските спецификации за документи.
  • Намалување на мемориската зафатнина, пример, со претворање на број со подвижна децимална запирка за географска должина и ширина во помали типови на податоци како цели вредности со фиксна децимална запирка кои можат да ги содржат истите информации.
  • Брзина и живот на батерии (работењето со цели вредности со фиксна децимална запирка побарува помалку процесорско време отколку со користење на вредности со подвижна децимална запирка).
  • Потреба да се додаваат полиња во податоците.
  • Употреба на постари упатни системи кои се претходници на GPS (на пример (анг.Universal Transverse Mercator coordinate system или UTM) или (анг.British national grid reference system) )

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Garmin POI Loader“. Garmin. Архивирано од изворникот на 2013-01-04. Посетено на 17 јануари 2008.
  2. „Points of Interest“. TomTom.