Led Zeppelin (албум)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Led Zeppelin“
A black-and-white photograph of a zeppelin exploding
Студиски албум од Led Zeppelin
Издаден 12 јануари 1969 (1969-01-12)
Снимен септември–октомври 1968, Olympic Studios студио, Лондон
Жанр хард рок, хеви метал, блуз
Траење 44:26
Led Zeppelin — Хронологија
Led Zeppelin
(1969)
Led Zeppelin II
(1969)
Издадени песни од Лед Зепелин 1
  1. "Good Times Bad Times"/"Communication Breakdown"
    Издадена: 1969 (1969)

Лед Зепелин (Led Zeppelin) или Лед Зепелин 1 е албумот со кој истоимената англиска група дебитира на музичката сцена. Албумот е снимен во октомври 1968 година во музичкото студио Олимпик Студиос во Лондон и издаден преку издавачката куќа Атлантик Рекордс на 12 јануари 1969 година во САД и на 31 март истата година во Велика Британија. Сите четири музичари од групата имаат голем придонес во правењето на албумот и заедно го воспоставија стилот на мешавина од блуз и рок кој стана нивен заштитен знак, како и нивната верзија на новиот хеви-метал звук кој им овозможи да ги освојат симпатиите на слушателите од двете страни на Атлантикот и да создадат голема група на посветени фанови.

Иако критичарите не му дадоа добри оценки, албумот помина одлично на комерцијален план а со тек на време ставовите се сменија и го заслужи статусот на еден од најдобрите албуми на сите времиња. Списанието Ролинг Стоун го рангираше на 29тото место на својата листа на 500те најдобри албуми на сите времиња. Во 2004 година албумот беше примен во Греми салата на славните.

Позадина[уреди]

По распаѓањето на англиската група Јардбрдс во август 1968 година, гитаристот Џими Пејџ остана со легалните права за името на групата и потпишани договори за одржување на неколку концерти на Скандинавскиот полуостров. За да ги исполни овие обврски тој ги регрутира басистот Џон Пол Џонс, пејачот Роберт Плент и тапанарот Џон Бонам. Заедно, тие одржуваат турнеја во Скандинавија под името Њу Јардбрдс изведувајќи некои од песните како Communication Breakdown, I Can’t Quit You Baby, You Shook Me, Babe I’m Gonna Leave You и How Many More Times кои ќе се појават во албумот. Во октомври 1968 година, еден месец по враќањето во Англија, Џими Пејџ го смени името на групата во Лед Зепелин и заедно со останатите почна да го снима албумот во Олимпик Студиос во Лондон.

Снимање[уреди]

Џими Пејџ изјавил дека на групата и биле потребни само 36 часа распределени во неколку недели за целосно да го снимат нивниот прв албум, додавајќи дека го знаел тоа од сметката која била наплатена од студиото. Една од причините за кратката сесија е фактот што песните од албумот биле добро извежбани и аранжирани на нивнјата турнеја во Скандинавија во септември 1968 година. Според изјавата на Пејџ, аранжманите биле подготвувани на турнејата, знаел точно каков звук барал и на крајот сето тоа многу брзо се совпаднало.

Пејџ исто така додал дека немале вишок пари да трошат на повеќе време во студиото бидејќи тој и менаџерот на групата Питер Грент самите целосно платиле за сесиите во студиото. Во друго интервју, Пејџ тврди дека тоа го направиле за да си осигураат уметничка слобода, односно никој да не се меша во нивното снимање на албумот. “Сакав контролата да биде во наши раце бидејќи знаев точно што сакам да направам со момците. Всушност, сам го финансирав снимањето на албумот пред да отидам во издавачката куќа... Не бевме ние онаа типична приказна на музичка група која позајмила пари за да сними албум – се појавивме во Атлантик со завршени касети во рака... Нивната реакција беше многу добра, мислам, потпишаа со нас, нели? “

Групата ги снимила песните за 1782 фунти, што со исклучокот на Abbey Road, албумот на Битлси, за кој им биле потребни само 12 часа да го снимат, ретко кој толку економично го искористил студиското време за снимање. На крајот албумот собра повеќе од 3 и пол милиони фунти или безмалку 2000 пати повеќе од инвестираното. За сесиите Пејџ свирел на Fender Telecaster гитара исцртана со психоделични графити која му била подарок од Џеф Бек, како враќање на услугата што го препорачал како замена на Ерик Клептон како главен гитарист за Јардбрдс во 1965 година. Тој свирел на Телекастер гитарата со Supro засилувач. Подоцна тој користи други видови на гитари, но најчесто Gibson Les Paul.

Продукција[уреди]

Џими Пејџ го продуцираше албумот, додека Глин Џонс, кој пред тоа работел со Битлси, Ролинг Стоунс и Ху се погрижи за звукот. “Првиот албум е всушност албум во живо, навистина, и намерно го направивме на тој начин. Има наснимки, но оригиналните траки се во живо“. Наводно, Пејџ користел природен собен амбиент за да го подобри звукот на музиката, покажувајќи некои од методите со коишто снимал претходно. До доцните 60ти гоидни, музичките продуценти ги ставале микрофоните блиску до тапаните и засилувачите. За Лед Зепелин 1, Џими Пејџ покрај овие микрофони ставил уште еден микрофон неколку метри подалеку (некогаш дури до 6 метри подалеку) и потоа ја снимал рамнотежата од двата звука. Со примената на методот “поголема далечина = поголема длабочина“, Пејџ стана еден од првите музички продуценти што снимил амбиентален звук: далечината што ја поминува една нота од едниот до другиот крај на собата.

Уште една особина која се истакнува од албумот е мешањето на гласот на пејачот Роберт Плент. Во интервју за Гитар Ворлд Пејџ изјавува: “Гласот на Плент беше толку моќен што се мешаше во другите траки, но интересно е тоа што мешањето изгледа како да е намерно направено“. На песната You Shook Me , Пејџ го искористил методот 'обратно ехо', каде ехото се слуша прво, а потоа главниот звук. Тоа го направил со вртење на касетата на другата страна, снимање на ехото на друга касета и враќање на касетата на првата страна за ехото да претходи на оригиналниот звук.

Во тоа време тој бил еден од првите албуми што бил пуштен во продажба само во стерео издание, бидејќи тогаш албумите биле продавани во моно и стерео издание.

Опаковка[уреди]

Опаковката на Лeд Цепелин 1 го отсликува Hindenburg цепелинот неколку секунди по запалувањето

Џими Пејџ ја одбрал сликата на насловната на албумот, а на неа може да се види цепелинот Хинденберг како гори во пламен. Нормално, сликата е поврзана со потеклото на името на групата. Според разговор меѓу Пејџ, Џеф Бек, Кит Мун и Џон Ентвисл за фомирање нова музичка група, Кит Мун предложил “ќе ни тргне (ќе полетаат) како оловен балон“ и Ентвисл на тоа наводно одговорил “оловен цепелин!(Лед Зепелин на англиски)“.

На задната страна на албумот има слика од членовите на групата, а фотографирал Крис Дреха, поранешен член на Јардбрдс. Џорџ Харди се погрижил за целиот изглед на опаковката од албумот, а тој и понатаму ќе соработува со групата за другите опаковки.

Харди се присетува дека им предложил да стават слика инспирирана од некој знак за стар клуб во Сан Франциско, тоа било слика од цепелин во облик на тулумба кој летал во облаците. На Пејџ не му се допаѓала идејата но сепак сликата била искористена како лого на задниот дел од опаковката на првите два албуми и на неколку постери. Во текот на првите неколку недели на продажба во Велика Британија, на опаковката од албумот ги имало името на бендот и логото на издавачката куќа Атлантик во тиркизна (синозелена) боја. Подоцна беше искористена портокаловата боја, а оние стари опаковки со тиркизна боја станаа колекционерско издание.

Албумот привлече огромно внимание кога на турнејата во Копенхаген во февруари 1970 година, една од роднините на изумителот на цепелинот, Ева фон Цепелин, се заканила дека ќе го откаже нивниот концерт и групата морала привремено да го смени името во “the Nobs“, инспирирано од презимето на нивниот европски промотер Клод Нобс.

Според Грег Кот кој пишува за списанието Ролинг Стоун сликата со цепелинот во пламења одлично ја отсликува музиката во албумот: секс, катастрофа и експлозии.

Компонирање[уреди]

Песни како Good Times Bad Times,Dazed And Confused и Communication Breakdown преставија еден тежок звук кој не бил карактеристичен во доцните 60ти години. Во песната Black Mountain Side, Пејџ користи таканаречена западна гитара со челични жици, како и комбинација на акустични и електрични пристапи на нивана верзија на Babe I’m Gonna Leave You.

Dazed and Confused, инспирирана од истоимената песна на Џејк Хоумс од 1967 година, се смета за главна песна на албумот. Опаѓачката бас линија на Џонс, тешкото тропање на Бонам и изобличените ноти и солоата кои доаѓаат од гитарата на Пејџ се главните карактерстики на ова ремек-дело. При свирењето на гитарата, на оваа песна Пејџ користи виолинско гудало по предлогот на Дејвид Мекалум Сениор кој бил присутен при снимањето на албумот. Истиот метод го применил и при свирењето на Good Times Bad Times, на која има и болеро риф и импровизирана промена на ритам.

Повеќето од првите песни на Лед Зепелин се инспирирани од блуз музиката, така, на албумот може да се најдат три песни компонирани од други изведувачи. You Shook Me и I Can't Quit you Baby се на блузерот Вили Диксон и Babe I'm Gonna Leave You е исто така инспирирана од дело на Ен Бредон во 50тите. Интересно од песната You Shook Me е размената меѓу нотите од гитарата на Пејџ и моќниот глас на Плент што е исто така метод кој се користи во блузот.

Џеф Бек веќе ја снимил You Shook Me на неговиот прв албум и го обвинил Пејџ за кражба на неговата идеја. Пејџ исто така ја свирел и аранжирал Beck’s Bolero и истата музика од болерото ја искористил во How MAny More Times за неговиот албум. Ова секако придонесло за несогласувања меѓу музичарите. На албумот може да се види дека пејачот Плент добива заслуга за свирење бас на некои песни. “Значи, како што е напишано на опаковката на Лед Зепелин 1, јас сум пејач, свирам усна хармоника и повремено бас. Многу повремено, мислам дека беше само еднаш по 1968 година. Многу е смешно што сето тоа е воопшто споменато на албумот. Сигурен сум дека не му се допаднало на Џоунси (се смее). Ама претпоставувам дека секогаш кога заебал работа може да каже дека тоа сум бил јас“.

Критики[уреди]

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 5/5 ѕвездички[1]
Blender 4/5 ѕвездички[2]
Entertainment Weekly A−[3]
Oz Favourable[4]
Q 3/5 ѕвездички[5]
Rolling Stone (1969) Unfavourable[6]
Rolling Stone (2001) 5/5 ѕвездички[7]
The Rolling Stone Album Guide 4/5 ѕвездички[8]
Sputnikmusic 3/5 ѕвездички[9]

Албумот беше изрекламиран како “Led Zeppelin – The Only Way To Fly“. На почетокот доби лоши критики и според списанието Ролинг Стоун: “Албумот не нуди ништо повеќе од она што Џеф Бек Груп не го понуди пред три месеци и ако сакаат да ја заменат супер групата Крим ќе треба да си најдат нов продуцент, уредник и нов материјал достоен за нивните таленти“. Според Ролинг Стоун, пејачот Плент бил премногу опседнат со неговиот изглед, нешто како Род Стјуарт, но ни приближно толку возбудлив.

Џон Пол Џонс се сеќава: “Новинарите беа ужасни тогаш. Од некоја причина никој не сакаше да не знае. Одиме во Америка и ги читаме критиките од списанието Ролинг Стоун, и за нив ние бевме уште една преценета група. Не ни се веруваше. Толку бевме наивни што мислевме дека сме изработиле добар албум и дека се ни оди од рака и одеднаш целиот овој отров не опкружи. Не сфаќавме што сме им направиле за да не третираат така. Потоа многу се пазевме од новинарите, ние ги избегнувавме и тие не избегнуваа. Причината поради која бевме познати како група која прави одлични концерти е бидејќи одржавме многу од истите и така се прошири зборот, а не заради новинарите“.

Неколку години подоцна Камерон Кроу изјавил дека тоа било време на супер-групи и Лед Зепелин имаа тешка задача ја докажат нивната автентичност.

Покрај сите тие негативни критики, во Британија списанието Мелоди Мејкер даде одлични критики за албумот преку Крис Велч кој за нив напиша: “Џими Пејџ Триумфира – Лед Зепелин 1 е одличен! Нивниот материјал не е целосно составен од предвидливи блуз рифови, а кога ги свират истите звучат силно за разлика од другите таканаречени британски блуз групи“. Албумот беше многу успешен комерцијално. Атлантик Рекордс прво испратиле неколку копии на главните радио станици и критичари, а потоа на 12 јануари 1969 албумот беше официјално пуштен во продажба во Америка како најава за нивната концертна турнеја во Северна Америка. Албумот влезе во Билборд топ 10 листата два месеци по издавањето и остана таму цели 73 недели, додека на британските топ листи остана дури 79 недели. До 1975 година албумот заработи 7 милиони долари.

Денешен статус[уреди]

Сега албумот е насекаде признаен како еден од најдобрите на сите времиња и оние кои беа скептични, како списанието Ролинг Стоун во 2006 го сменија мислењето: “Албумот беше уникатен. Аранжманите беа подобро составени од оние на Крим или Џими Хендрикс, а звукот не беше премногу тежок како на Ајрон Батерфлаj или претеран како на Ванила Фаџ“. Најблиските споредби би дошле до ЕмсиФајф или Стуџес, обата од Мичиген, но ниту еден од нив не ги имаше сјајот или мајсторијата од Лед Зепелин 1 исто како што Лед Зепелин 1 не ја имаше онаа политичко-социјална тематика на таквите значајни бендови. Она што го имаа беше потенцијалот за огромна публика.

Според Луис:

“И после толку време еден од најдобрите албуми на сите времиња сеуште не го изгуби својот квалитет. Нагонот и страста во нивните изведби се тие што и даваат безвременски шарм на оваа група. Деветте песни нудат увид во досега недостигнато дело кое е моќно, но сепак деликатно.И да не го заборавиме фактот дека со овој албум Пејџ всушност го воспоставува рифот како главен дел при создавањето песни“.

Во 2003 Виејџ 1 го прогласи Лед Зепелин 1 за 44ти најдобар албум на сите времиња, додека Ролинг Стоун го стави на 29то место на нивната листа на 500 најдобри албуми на сите времиња. Според многумина албумот се смета за значаен пресврт во еволуцијата на хард рокот и хеви металот.

Признанија и награди[уреди]

Магазин Земја Награда Година Рангирање
The Times Велика Британија "100 Најдобри албуми на сите времиња"[10] 1993 41
Rolling Stone САД Rolling Stone 500 Најдобри албуми на сите времиња[11] 2003 29
Греми САД Греми Куќата на славните[12] 2004 *
Q Велика Британија „Музика што го промени светот“[13] 2004 7
Роберт Димери САД 1001 Албуми што мора да ги преслушаш пред да умреш[14] 2006 *
Classic Rock Велика Британија „100 Најдобрите британски рок албуми на сите времиња“[15] 2006 81
Uncut Велика Британија 100 Најдобри деби албуми[16] 2006 7
Рок енд рол Куќата на славните САД Најдобрите 200[17] 2007 165
Q Велика Британија 21 Албум што ја променија музиката[18] 2007 6
Rolling Stone САД Rolling Stone 500 Најдобри албуми на сите времиња[19] 2012 29

* denotes an unordered list

Листа на песни[уреди]

Прв дел
бр. Наслов Автор Траење
1. Good Times Bad Times“   Џон Бонам/Џон Пол Џонс/Џими Пејџ 2:47
2. Babe, I'm Gonna Leave You“   Ен Бредон/Пејџ/Роберт Плант 6:41
3. You Shook Me“   Вили Диксон/Џ. Б. Леноар 6:30
4. Dazed and Confused“   Пејџ 6:27
Втор дел
бр. Наслов Автор Траење
5. Your Time Is Gonna Come“   Џонс/Пејџ 4:34
6. Black Mountain Side“   Пејџ 2:13
7. Communication Breakdown“   Бонам/Џонс/Пејџ 2:30
8. I Can't Quit You Baby“   Диксон 4:43
9. How Many More Times“   Бонам/Џонс/Пејџ 8:28

How Many More Times содржи делови од The Hunter која ја напишале Букер T. Џонс, Стив Кропер, Дак Дан, Ал Џексон Џуниор и Карл Велс во 1967 а ја популаризирал Алберт Кинг.

Некои верзии на касетните изданија на албумот имаа измешан редослед на песните. На таквите верзии Your Time Is Gonna Come е на почетокот на првата страна, а How Many More Times е последна на првата страна. Втората страна на касетата почнува со Good Times Bad Times а завршува со Dazed and Confused.

Положба на топ листите[уреди]

Албум
Табела (1969) Највисок пласман
Канадски RPM Топ 100 албуми[20] 11
Велика Британија[21] 6
САД Билборд 200[22] 10
Франција[23] 115
Јапонија[24] 36
Табела (1970) Највисок пласман
Норвешка[25] 16
Шпанија[26] 1
Германија[27] 32
Австралиски Go-Set Топ 20 албуми[28] 9
Синглови
Година Сингл Табела Позиција
1969 "Good Times Bad Times" US Billboard Hot 100 Singles Chart (Pop Singles)[29] 80

Сертификати за продажба[уреди]

Земја Продажба Сертификат
Канада (CRIA) 1,000,000+ Дијамантски[30]
Франција (SNEP) 100,000+ Платинест[31]
Швајцарија (IFPI) 15,000+ Златен[32]
Аргентина (CAPIF) 20,000+ Златен[33]
Австралија (ARIA) 140,000+ 2× Платинест[34]
САД (RIAA) 8,000,000+ 8× Платинест[35]
Шпанија (PROMUSICAE) 60,000+ Платинест[36]
Обединето Кралство (BPI) 600,000+ 2× Платинест[37]*
Холандија (NVPI) 25,000+ Златен[38]*

Забелешка: (*) Ремиксувано издание

Екипа[уреди]

Лед Зепелин
Дополнителен персонал
Продукција

Наводи[уреди]

  1. Allmusic Review
  2. Blender Review[мртва врска]
  3. Reviewed by Tom Sinclair (20 јуни 2003). „Entertainment Weekly Review“. Ew.com. http://www.ew.com/ew/article/0,,458337,00.html. конс. 1 јануари 2012. 
  4. „Oz Review“. Rocksbackpages.com. http://www.rocksbackpages.com/article.html?ArticleID=9592. конс. 1 јануари 2012. 
  5. „Q Review“. Tower.com. 6 мај 1994. http://www.tower.com/led-zeppelin-cd/wapi/106703333. конс. 1 јануари 2012. 
  6. By John Mendelsohn (15 март 1969). „Rolling Stone Review“. „Rolling Stone“. http://www.rollingstone.com/music/albumreviews/led-zeppelin-i-19690315. конс. 1 јануари 2012. 
  7. „Rolling Stone Review“. „Rolling Stone“. http://www.rollingstone.com/music/albumreviews/led-zeppelin-20010820. конс. 12 јануари 2012. 
  8. „Rolling Stone Artists - Led Zeppelin“. „Rolling Stone“. http://www.rollingstone.com/music/artists/led-zeppelin/albumguide. конс. 15 септември 2012. 
  9. „Sputnikmusic Review“. Sputnikmusic.com. 12 јули 2006. http://www.sputnikmusic.com/review/8171/Led-Zeppelin-Led-Zeppelin/. конс. 1 јануари 2012. 
  10. „The Times: The 100 Best Albums of All Time — December 1993“. „The Times. http://www.rocklistmusic.co.uk/times100.htm. конс. 10 февруари 2009. 
  11. „The Rolling Stone 500 Greatest Albums of All Time“. „Rolling Stone“. http://www.rollingstone.com/news/story/5938174/the_rs_500_greatest_albums_of_all_time/. конс. 18 август 2007. 
  12. „The Grammy Hall of Fame Award“. National Academy of Recording Arts and Sciences. http://www.grammy.org/recording-academy/awards/hall-of-fame#l. конс. 18 август 2007. 
  13. „The Music That Changed The World (Part One: 1954 – 1969)“, „Q Magazine special edition“.
  14. Dimery, Robert. „1001 Albums You Must Hear Before You Die.“, Universe. New York, NY (ISBN 0-7893-1371-5), 7 февруари 2006, стр. 910.
  15. „Classic Rock – 100 Greatest British Rock Album Ever — April 2006“. „Classic Rock. http://www.rocklistmusic.co.uk/steveparker/classicrock2.htm. конс. 10 февруари 2009. 
  16. „100 Greatest Debut Albums“, „Uncut Magazine“.
  17. „The Definitive 200“. „Rock and Roll Hall of Fame“. архивирано од оригиналот на 13 август 2007. http://web.archive.org/web/20070813004137/http://www.definitive200.com/200_list.php. конс. 18 август 2007. 
  18. „21 Albums That Changed Music“, „Q Magazine 21st anniversary issue“.
  19. „The Rolling Stone 500 Greatest Albums of All Time“. „Rolling Stone“. http://www.rollingstone.com/music/lists/500-greatest-albums-of-all-time-19691231. конс. 27 април 2012. 
  20. „RPM Albums Chart – 21 April 1969“. „RPM“. http://www.collectionscanada.gc.ca/rpm/028020-119.01-e.php?&file_num=nlc008388.5957&volume=11&issue=8&issue_dt=April%2021%201969&type=1&interval=24&PHPSESSID=hrg50o22lgammqcogv27ve6d95. конс. 17 јануари 2009. 
  21. „Top 100 Albums – 10 May 1969“. chartstats.com. архивирано од оригиналот на 24 мај 2012. http://archive.is/xXus. конс. 19 јануари 2009. 
  22. „The Billboard 200 – 17 May 1969“. „Billboard“. http://www.billboard.com/bbcom/esearch/chart_display.jsp?cfi=305&cfgn=Albums&cfn=The+Billboard+200&ci=3068880&cdi=8729737&cid=05%2F17%2F1969. конс. 17 јануари 2009. [мртва врска]
  23. „Top 100 Albums – 1969“. infodisc.fr. http://www.infodisc.fr/. конс. 19 јануари 2009. 
  24. „Top 100 Albums – 1969“. Oricon. http://www.oricon.co.jp/. конс. 19 јануари 2009. 
  25. „Top 20 Albums – 8 February 1970“. norwegiancharts.com. http://norwegiancharts.com/showitem.asp?interpret=Led+Zeppelin&titel=Led+Zeppelin&cat=a. конс. 17 јануари 2009. 
  26. „Top 100 Albums – 21 February 1970“. PROMUSICAE. http://www.promusicae.es/english.html. конс. 19 јануари 2009. 
  27. „Top 100 Albums — February 1970“. charts-surfer.de. http://www.charts-surfer.de/musiksearch.php. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  28. „Top 20 Albums – 23 May 1970“. „Go Set“. http://www.poparchives.com.au/gosetcharts/1970/19700523.html#albums. конс. 19 јануари 2009. 
  29. „Hot 100 Singles – 19 April 1969“. „Billboard“. архивирано од оригиналот на 19 февруари 2009. http://web.archive.org/20090219070632/www.billboard.com/bbcom/esearch/chart_display.jsp?cfi=379&cfgn=Singles&cfn=The+Billboard+Hot+100&ci=3070518&cdi=8833384&cid=04/19/1969. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  30. „CRIA Led Zeppelin – 1 December 1982“. CRIA. http://www.cria.ca/cert_db_search.php. конс. 19 јануари 2009. 
  31. „Disque en France: Led Zeppelin – 1982“. SNEP. http://www.chartsinfrance.net/certifications/artiste-102.htm. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  32. „Swiss Charts Certifications: Led Zeppelin – 1991“. swisscharts.com. http://swisscharts.com/awards.asp?year=1991. конс. 19 јануари 2009. 
  33. „CAPIF: Led Zeppelin – 1993“. CAPIF. http://www.capif.org.ar/Default.asp?PerDesde_MM=0&PerDesde_AA=0&PerHasta_MM=0&PerHasta_AA=0&interprete=Led+Zeppelin&album=&LanDesde_MM=0&LanDesde_AA=0&LanHasta_MM=0&LanHasta_AA=0&Galardon=O&Tipo=1&ACCION2=+Buscar+&ACCION=Buscar&CO=5&CODOP=ESOP. конс. 19 јануари 2009. 
  34. „ARIA Album Accreditations – 31 December 1999“. ARIA. http://www.aria.com.au/pages/aria-charts-accreditations-albums-1999.htm. конс. 19 јануари 2009. 
  35. „RIAA.org Led Zeppelin – 2 March 2001“. RIAA. http://www.riaa.org/goldandplatinumdata.php?table=SEARCH_RESULTS. конс. 19 јануари 2009. 
  36. „PROMUSICAE Led Zeppelin – 2002“. PROMUSICAE. http://www.promusicae.es/english.html. конс. 19 јануари 2009. 
  37. „BPI Led Zeppelin certification – 20 October 2006“. BPI. http://www.bpi.co.uk/platinum/platinumright.asp?rq=search_plat&r_id=32718. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  38. „NVPI: Led Zeppelin – 2006“. NVPI. http://www.nvpi.nl/nvpi/pagina.asp?pagkey=60461#resultaat. конс. 19 јануари 2009. 

Надворешни врски[уреди]