Physical Graffiti

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Physical Graffiti“
The front of a brownstone
Студиски албум од Led Zeppelin
Издаден 24 февруари 1975 (1975-02-24)
Снимен јули и декември 1970, март 1971, мај 1972, јануари-фебруари 1974 на повеќе места[1]
Жанр хард рок, хеви метал, блуз рок
Траење 82:15
Издавачка куќа Swan Song
Продуцент Џими Пејџ
Led Zeppelin — Хронологија
Houses of the Holy
(1973)
Physical Graffiti
(1975)
Presence
(1976)
Издадени песни од Physical Graffiti
  1. "Trampled Under Foot"/"Black Country Woman"
    Издадена: 2 април 1975 (1975-04-02)

Physical Graffiti е шестиот албум на англиската рок група Лед Зепелин издаден на 24 февруари 1975 година. Тоа е првиот двоен албум на групата чие снимање е прекинато поради желбата на басистот Џон Пол Џонс да ја напушти групата. По повторното соединување во Хедли Гранџ, четирите членови снимаат осум песни чие траење е предолго за еден ЛП па решаваат да направат двоен албум вклучувајќи и неиздадените песни од претходните сесии за Houses of the Holy.

Physical Graffiti има голем успех на комерцијален план и добива одлични критики. Иако станува 16 пати платинест, тоа е поради фактот што е двоен албум, инаку продадени се 8 милиони копии.

Снимање[уреди]

Сесиите се одржани во ноември 1973 година во Хедли Гранџ, Источен Хемпшир, Англија. Овојпат групата го користи подвижното студио на Рони Лејн, но по краток период студиото беше дадено на групата Бед Компани кои тогаш го снимаат истоимениот дебитирачки албум. Во интервју од 1975 година, Џими Пејџ објаснува:

Ни требаше долго време за овој албум бидејќи кога почнавме да снимаме ЏПЏ беше болен и моравме да одложиме...едноставно се се зафркна. Ни требаа цели три месеци да се средиме.

Но експертот за групата Дејв Луис пак вели:

Подоцна имаше информации дека ЏПЏ сакал да се откаже од групата и да биде хорист во катедралата Винчестер. Менаџерот Питер Грант ги предупредил дека на басистот му било смачено од турнеите и ги советувал да направат пауза од неколку недели. ЏПЏ потоа се премислил и сесиите продолжиле по новогодишните празници.

Со помош на музичкиот инженер Рон Невисон групата снима осум песни во јануари и февруари 1974 во Хедли Гранџ. Роберт Плент изјавува дека песните биле одлични:

Снимивме осум песни... и повеќето од нив беа многу жешки. Направивме неколку одлични песни со вокали во живо, чудни ствари што испаднаа многу добро.

Слично како и сесиите за претходните два албуми, снимањето во Хедли Гранџ претставува одлична прилика за групата да импровизира и патем да создаде нов материјал. Плент изјавува:

Некои од песните ги составивме на нашиот добро познат начин од поминување низ песната набрзина додека не сфатиме дека сме откриле нешто сосема друго.

Кога завршуваат со снимањето на осумте нови песни, ги додаваат претходните снимки на песните Bron-Yr-Aur, Night Flight, Boogie With Stu, Down by the Seaside, The Rover, Black Country Woman I Houses of the Holy. Пејџ изјавува:

Имавме вишок материјал, доволно за еден и пол албум па решивме да го направиме двоен со искористување на некои неиздадени песни од претходните сесии. Ни изгледаше како одличен момент за таква работа, да издадеме песни како Boogie With Stu, нешто во нормални околности не би можеле да го направиме... Овојпат решивме да го прошириме наместо да го скратиме.

Невисон признава дека проширувањето дојде како нова идеја и не било дел од планот:

Не знаев дека Physical Graffiti ќе биде двоен албум. Кога почнавме со снимање подготвувавме нови песни. Го напуштив проектот пред да почнат да ставаат песни од Houses of the Holy и незнаев дека ќе биде двоен се додека не го издадоа.

Во октомври 1974 година во Олимпик Студиос, Лондон, Кит Харвуд ги додава последните наснимки, а насловот на албумот го смислува Џими со цел да ја покаже целата енерија која била потрошена при спремањето на албумот.

Песни[уреди]

Според Дејв Луис:

Physical Graffiti беше еден излив на музиката на Лед Зепелин и збир на целиот нивен репертоар. Двата диска им овозможија да ги вклучат сите аспекти на нивниот репертоар и на крајот се добива едно засрамувачки богат албум.

Албумот се снима низ неколку години и допира различни музички стилови како хард рок (The Rover, The Wanton Song, Sick Again, Houses of the Holy), ориентален оркестарски рок (Kashmir), фанк (Trampled Under Foot), акустичен рокенрол (Boogie With Stu, Black Country Woman), љубовна балада (Ten Years Gone), блуз рок (In My Time of Dying) и акустична инструменталка (Bron-Yr-Aur).

Разновидноста е очигледна и со фактот што Physical Graffiti ги содржи најкратката (Bron-Yr-Aur) и најдолгата песна (In My Time of Dying) на Лед Зепелин. Првата две минути и шест секунди, а втората единаесет минути и пет секунди. Со исклучок на песната The Battle for Evermore од Лед Зепелин 4, ова е и првиот албум каде ЏПЏ свири помошна гитара на некои песни.

In My Time of Dying, Trampled Under Foot, Kashmir, Ten Years Gone и Sick Again стануваат заштитен знак на нивните концерти по издавањето на овој албум.

Според Плент, Physical Graffiti е најкреативното издание на Лед Зепелин и признава дека тоа е неговиот омилен албум од групата. Џими Пејџ исто така смета дека ова е највисоко достигнување за групата.

Опаковка[уреди]

Шаблон:Infobox Awards

На опаковката од албумот има слика од една зграда од Њујорк со илустрации на прозорците. Дизајнерот Питер Корисон бара симетрична зграда со интересни детаљи, непречена од други предмети и ќе ја собере на квадратната опаковка:

'Неколку недели се врткавме низ градот барајќи ја вистинската зграда. Имав концепт за групата базиран на една станбена зграда со луѓе кои се вселуваат и се иселуваат. Оригиналната опаковка имаше исечени прозори под кои можеше да се стават други слоеви на кои ги има насловите на песните и дополнителни детаљи.'

Двете згради на пет ката кои служат како модели за сликата на опаковката се наоѓаат на 96 и 98 St.Mark’s Place во Њујорк. Фотографијата претрпува многу обработки пред да биде ставена на опаковката. Петтиот кат мора да биде исечен за да ја собира, зградите од двете страни се променети за да одговараат, додадени се керамиди на покривот и променет е десниот балкон најгоре, додека задната слика е сликана ноќе. Заслуга за внатрешните слики добива Мајк Дауд, кој умира во раните 1990ти и сликите од албумот се неговото најголемо достигнување во кариерата. Во 1976 година албумот е номиниран за Греми за најдобра опаковка на албум а Дауд добива Греми за најдобра опаковка во 1978.

Истите згради од сликата се појавуваат и во спотот за песната Waiting on a Friend на Ролинг Стоунс. Во подрумот на едната од куќите се појавува и продавница за стара облека наречена Physical Graffiti. Моментално има продавница наречена Physical Graffitеа. Зградата исто така се појавува во серијата Rock Junket.

Оригиналната опаковка содржи четири слики, по две за секој албум и по уште една слика за во среде и за надворешната опаковка. На внатрешните слики има разни предмети и луѓе, како и слики од Плент и Ричард Кол на секој прозорец. Сликата во среде содржи детаљи за албумот на бела позадина и надворешната слика има дупка на која се појавува името на албумот кога ќе ја покрие внатрешната слика.

Критики[уреди]

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 5/5 ѕвездички[2]
BBC Favourable[3]
Billboard Favourable[4]
Blender 5/5 ѕвездички[5]
Robert Christgau B+[6]
Q 5/5 ѕвездички (Nov 2000)
Rolling Stone Very favourable[7]
The Rolling Stone Album Guide 4/5 ѕвездички[8]

The album was released on 24 February 1975, at a time when Led Zeppelin were undertaking their tenth concert tour of North America. Delays in the production of the album's sleeve design prevented its release prior to the commencement of the tour.[9]

Издаден на 24 февруари 1975 за време на нивната десетта концертна турнеја во Северна Америка, албумот веднаш станува критички и комеријален успех. Поради одложувањата во врска со изгледот на опаковката не е издаден пред почетокот на турнејата. Physical Graffiti е првиот албум на групата издаден преку сопствената издавачка куќа на Лед Зепелин, Суан Сонг Рекордс отворена во мај 1974. Претходните албуми на групата се издаден преку Атлантик Рекордс.

Искачувајќи се на врвот на сите топ листи во САД и Британија, Physical Graffiti се продава во 8 милиони копии само во САД, правејќи го 16 пати платинест поради тоа што е двоен албум. Ова е исто така првиот албум што станал платинест во нарачки пред издавање, а со неговото издавање сите претходни албуми на Лед Зепелин влегуваат во топ 200 листата на албуми.

Различните стилови на музика во двојниот диск се пречекани со пофалби од критичарите, Џим Милер од списанието Ролинг Стоун оди дотаму што го нарекува Physical Graffiti спој на албумот Beggars Banquet од Ролинг Стоунс и најдобриот албум на Битлси Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band, притоа тврдејќи дека ова е најуметничкиот албум на Лед Зепелин.

Во 1998 година, читателите на списанието Кју го изгласуваат Physical Graffiti за 28иот најдобар албум на сите времиња, а во 2000 година истото списание го става на 32 место на листата од 100те најдобри Британски албуми на сите времиња и во 2001 година го прогласува за еден од 'најтешките' албуми на сите времиња. Во 2003 година Виејџ1 го прогласува за 71иот најдобар албум на сите времиња, а истата година Ролинг Стоун го става на 70то место на нивната листа од 500те Најдобри албуми на сите времиња. Physical Graffiti е исто така еден од 1001 албуми кои мора да се чујат пред да се умре од 2005 година.

Признанија и награди[уреди]

Магазин Земја Признание Година Ранг
Греми САД "Греми награда за најдобар омот"[10] 1976 Номиниран
Rolling Stone САД The Rolling Stone 500 Greatest Albums of All Time[11] 2003 70
Pitchfork Media САД "Top 100 Albums of the 1970s"[12] 2004 95
Mojo Велика Британија "The 100 Greatest Albums Ever Made"[13] 1996 47
Classic Rock Велика Британија "100 Greatest Rock Album Ever"[14] 2001 5
Q Велика Британија "100 Greatest Albums Ever"[15] 2003 41
Record Collector Велика Британија "Classic Albums from 21 Genres for the 21st century"[16] 2005 *
Robert Dimery САД 1001 Albums You Must Hear Before You Die[17] 2005 *
Q Велика Британија "100 Best Albums Ever"[18] 2006 57
Classic Rock Велика Британија "100 Greatest British Rock Album Ever"[19] 2006 7
Rock and Roll Hall of Fame САД "The Definitive 200: Top 200 Albums of All-Time"[20] 2007 93
Guitar World САД "Reader's Poll: 100 Greatest Guitar Albums"[21] 2006 9

(*) designates unordered lists.

Листа на песни[уреди]

Прв дел
бр. Наслов Снимено Траење
1. Custard Pie“   јануари-фебруари, 1974 4:13
2. The Rover“   мај, 1972 5:37
3. In My Time of Dying(Џон Бонам, Џон Пол Џонс, Пејџ и Плант) јануари-фебруари, 1974 11:04
Втор дел
бр. Наслов Снимено Траење
4. Houses of the Holy“   мај, 1972 4:02
5. Trampled Under Foot(Џонс, Пејџ и Плант) јануари-фебруари, 1974 5:37
6. Kashmir(Бонам, Пејџ и Плант) јануари-фебруари, 1974 8:32
Трет дел
бр. Наслов Снимено Траење
7. In the Light(Џонс, Пејџ и Плант) јануари-фебруари, 1974 8:46
8. Bron-Yr-Aur(Пејџ) јули, 1970 2:06
9. Down by the Seaside“   фебруари, 1971 5:13
10. Ten Years Gone“   јануари-фебруари, 1974 6:32
Четврт дел
бр. Наслов Снимено Траење
11. Night Flight(Џонс, Пејџ и Плант) декември, 1970 – јануари, 1971 3:36
12. The Wanton Song“   јануари-фебруари, 1974 4:07
13. Boogie with Stu(Бонам, Џонс, Пејџ, Плант, Јан Стјуарт и Ричи Валенс) декември, 1970 – јануари, 1971 3:53
14. Black Country Woman“   мај, 1972 4:24
15. Sick Again“   јануари-фебруари, 1974 4:42

Некои касетни изданија ја имаат песната Bron-Yr-Aur веднаш по Kashmir, а времетраењето на Kashmir и Ten Years Gone во некои ЛП и ЦД изданија е погрешно со 9:41 за Kashmir и 6:55 за Ten Years Gone.

Заслугата за Boogie with Stu е дадена на Г-ѓа Валенс, мајката на Ричи Валенс, откако членовите на Лед Зепелин чуле дека таа никогаш не добила ништо од песните на нејзиниот син.

Положба на топ листите[уреди]

Табела (1975) Највисок пласман
Japanese Albums Chart[22] 13
UK Albums Chart[23] 1
US Billboard The 200 Albums Chart[24] 1
US Cash Box Top 100 Albums Chart[25] 1
US Record World Top Pop Albums Chart[26] 1
Canadian RPM Albums Chart[27] 1
Norwegian Albums Chart[28] 4
Austrian Albums Chart[29] 2
Australian Albums Chart 2
New Zealand Top 50 Albums Chart[30] 3
German Albums Chart[31] 17
Spanish Albums Chart[32] 2
French Albums Chart[33] 2
Синглови
Година Сингл Табела Позиција
1975 "Trampled Under Foot" Билборд Поп Синглови (Билборд Топ 100) 38[се бара извор]

Сертификации за продажба[уреди]

Шаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table Bottom

Екипа[уреди]

Led Zeppelin
Дополнителен персонал

Исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Physical Graffiti album information at led-zeppelin.org“. http://www.led-zeppelin.org/reference/discography/disc-physgrap-moreinfo.php. конс. 25 октомври 2008. 
  2. Allmusic Review
  3. BBC Review[мртва врска]
  4. „Billboard Review“. Superseventies.com. http://www.superseventies.com/ledzeppelin2.html. конс. 1 јануари 2012. 
  5. Blender Review[мртва врска]
  6. „Robert Christgau Review“. Robertchristgau.com. 15 јуни 1972. http://www.robertchristgau.com/get_artist.php?name=Led+Zeppelin. конс. 1 јануари 2012. 
  7. By Jim Miller (27 март 1975). „Rolling Stone Review“. „Rolling Stone“. http://www.rollingstone.com/music/albumreviews/physical-graffiti-19750327. конс. 1 јануари 2012. 
  8. „Led Zeppelin: Album Guide | Rolling Stone Music“. Rollingstone.com. 10 декември 2007. архивирано од оригиналот на 14 јануари 2011. http://web.archive.org/web/20110114031043/http://www.rollingstone.com/music/artists/led-zeppelin/albumguide. конс. 5 март 2012. 
  9. Chris Welch (1994) Led Zeppelin, London: Orion Books. ISBN 1-85797-930-3, p. 73.
  10. „Grammy Award for Best Album Package (AGI) – 28 February 1976“. Grammy. http://www.super70s.com/Super70s/Music/1975/Grammys.asp. конс. 10 февруари 2009. 
  11. [1][мртва врска]
  12. „Staff Lists: Top 100 Albums of the 1970s“. Pitchfork. 23 јуни 2004. http://pitchfork.com/features/staff-lists/5932-top-100-albums-of-the-1970s/. конс. 9 август 2011. 
  13. „The 100 Greatest Albums Ever Made – January 1996“. „Mojo. http://www.rocklistmusic.co.uk/mojo_p3.htm#albums. конс. 10 февруари 2009. 
  14. „Classic Rock – 100 Greatest Rock Album Ever – December 2001“. „Classic Rock. http://www.rocklistmusic.co.uk/steveparker/classicrock.htm. конс. 10 февруари 2009. 
  15. 2003 „100 Greatest Albums Ever – January 2003“. „Q. http://www.rocklistmusic.co.uk/qlistspage2.html#Jan 2003. конс. 10 февруари 2009. 
  16. „Classic Albums from 21 Genres for the 21st century: Seventies: From Singer-Songwriter Angst to Glam and the Disco Age – January 2005“. „Record Collector“. http://www.rocklistmusic.co.uk/recordcollector.htm#21%20Genres. конс. 10 февруари 2009. 
  17. Dimery, Robert – 1001 Albums You Must Hear Before You Die; page 856
  18. „Best Albums Ever – February 2006“. „Q. http://pub37.bravenet.com/forum/3172289350/show/620762. конс. 10 февруари 2009. 
  19. „Classic Rock – 100 Greatest British Rock Album Ever – April 2006“. „Classic Rock“. http://www.rocklistmusic.co.uk/steveparker/classicrock2.htm. конс. 10 февруари 2009. 
  20. „The Definitive 200: Top 200 Albums of All-Time“. „Rock and Roll Hall of Fame (USA)“. http://www.rockhall.com/pressroom/definitive-200. конс. 10 февруари 2009. 
  21. „100 Greatest Guitar Albums“. „Guitar World“. October 2006.  A copy can be found at „Guitar World's 100 Greatest Guitar Albums Of All Time – Rate Your Music“. „rateyourmusic.com“. http://rateyourmusic.com/list/Boggs1027/guitar_worlds_100_greatest_guitar_albums_of_all_time. конс. 12 октомври 2011. 
  22. „Top 100 Albums – 20 February 1975“. Oricon. http://www.oricon.co.jp/. конс. 19 јануари 2009. 
  23. „Top 100 Albums – 15 March 1975“. chartstats.com. архивирано од оригиналот на 8 декември 2012. http://archive.is/RRux. конс. 19 јануари 2009. 
  24. „The Billboard 200 – 22 March 1975“. „Billboard“. http://www.billboard.com/bbcom/esearch/chart_display.jsp?cfi=305&cfgn=Albums&cfn=The+Billboard+200&ci=3069185&cdi=8746128&cid=03%2F22%2F1975. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  25. „Top 100 Albums – 22 March 1975“. „Cash Box“. http://msdb.hp.infoseek.co.jp/cb&bb/album%20no1/1975.htm. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  26. [http://www.geocities.com/muggy59/RWPOPLPS1975THRU1979.html[мртва врска] „Top Pop Albums – 22 March 1975“]. „Record World“. http://www.geocities.com/muggy59/RWPOPLPS1975THRU1979.html[мртва врска]. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  27. „Top Albums/CDs – Volume 23, No. 7, April 12, 1975“. „RPM. http://www.collectionscanada.gc.ca/rpm/028020-119.01-e.php?brws_s=1&file_num=nlc008388.3945a&volume=23&issue=7&issue_dt=April%2012%201975&type=1&interval=24&PHPSESSID=hrg50o22lgammqcogv27ve6d95. конс. 19 јануари 2009. 
  28. „Top 20 Albums – 13 April 1975“. norwegiancharts.com. http://norwegiancharts.com/showitem.asp?interpret=Led+Zeppelin&titel=Physical+Graffiti&cat=a. конс. 19 јануари 2009. 
  29. „Top 75 Albums – 15 April 1975“. austriancharts.at. http://austriancharts.at/showitem.asp?interpret=Led+Zeppelin&titel=Physical+Graffiti&cat=a. конс. 19 јануари 2009. 
  30. Scapolo, Dean (2007). „Top 50 Albums – April 1975“. „The Complete New Zealand Music Charts“ (1st издание). Wellington: Transpress. ISBN 978-1-877443-00-8. 
  31. „Top 100 Albums – April 1975“. charts-surfer.de. http://www.charts-surfer.de/musiksearch.php. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  32. „Top 100 Albums – 9 August 1975“. PROMUSICAE. http://www.promusicae.es/english.html. конс. 19 јануари 2009. 
  33. „Top 100 Albums – 1975“. infodisc.fr. http://www.infodisc.fr/B-CD_1975.php. конс. 19 јануари 2009. 
Регион Сертификација Продажба
Претходник
On the Level од Status Quo
UK Albums Chart number-one album
15–22 March 1975
Наследник
20 Greatest Hits by Tom Jones
Претходник
Have You Never Been Mellow by Olivia Newton-John
Billboard 200 number-one album
22 March – 2 May 1975
Наследник
Chicago VIII by Chicago

Шаблон:Physical Graffiti