In Through the Out Door

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„In Through the Out Door“
Студиски албум од Led Zeppelin
Издаден Шаблон:Startdate
Снимен ноември-декември 1978, Полар Студиос, Стокхолм, Шведска
Жанр Рок, хард рок[1]
Траење 42:25
Јазик англиски
Издавачка куќа Swan Song
Продуцент Џими Пејџ
Led Zeppelin — Хронологија
Presence
(1976)
In Through the Out Door
(1979)
Coda
(1982)
Издадени песни од In Through the Out Door
  1. "Fool in the Rain"/"Hot Dog"
    Издадена: 7 декември 1979 (1979-12-07)

In Through the Out Door е осмиот студиски албум на англиската рок група Лед Зепелин снимен е во период од три недели во ноември и декември 1978 година во студиото на групата АББА, Полар Студиос во Стокхолм, Шведска. Албумот е издаден преку издавачката куќа на Лед Зепелин, Суан Сонг Рекордс на 15 август 1979 година и е шестиот и последен албум кој се искачува на врвот на топ листите во САД. Бидејќи е последен албум пред смртта на Џон Бонам во 1980 година и бидејќи албумот издаден по него, Соdа, е компилација со неколку нови песни, In Through the Out Door се смета и за последен албум на групата пред да се распадне.

Позадина[уреди]

Името на албумот доаѓа од тешкиот период на бендот по смртта на синот на пејачот Роберт Плент, Карач во 1977 година, како и даночното прогонство на групата од Велика Британија. Со тоа им е забрането да одржуваат концерти на британско тло цели две години и обидот за враќање им е како да се обидуваат да влезат низ задната врата (анг. get in through the out door).

За разлика од претходните албуми каде најмногу се чувствуваат електричната гитара на Џими Пејџ и тапаните на Џон Бонам, на овој албум влијанието на сестраниот Џон Пол Џонс и текстовите на пејачот Роберт Плент се истакнуваат. Џими Пејџ, кој досега или сам ги склопува песните или им дозволува мала заслуга на другите членови, нема никаква заслуга за песните All My Love и South Bound Saurez, а освен за песната Darlene, која всушност се издава со следниот албум, Џон Бонам не добива никаква заслуга за песните од сесиите во Полар Студиос.

Намаленото влијание на гитаристот и тапанарот се должи на нивните проблеми со дрога и алкохол, со што тие често доцнеле на сесиите. Како што изјавува ЏПЏ, бевме поделени во две групи, и нашата (ЏПЏ и Плент) беше таа 'почистата'. ЏПЏ и Плент составуваат голем дел од песните во текот на денот и потоа Пејџ и Бонам ги додаваат нивните делови доцна во ноќта. Според ЏПЏ:

Тоа се должеше на мојата нова играчка. Имав еден огромен нов синтисајзер. И јас и Плент дојдовме порано за пробите. Додека се појавија и другите ние веќе напишавме 3-4 песни и почнавме да ги вежбаме за да имаме што да правиме.'

По снимањето во Полар Студиос албумот се микса во личното студио на Џими Пејџ во неговиот дом во Пламптон. Wearing and Tearing, Оzone Baby и Darlene се снимаат во овие сесии а се појавуваат на следниот албум Соdа.

Опаковка[уреди]

Оригиналната опаковка има еден интересен детаљ: надворешната опаковка е направена да изгледа како обична хартиена кеса, а внатрешната соджи црно-бела слика која се обојува кога ќе се измие со вода. Постојат шест различни опаковки со различни слики и надворешната 'хартиена кеса' ги прикрива за да не знаат купувачите што добиваат. Има код на работ од опаковката кој го открива тоа, а сликите содржат сцени од барот Апсинт во Њу Орлеанс Луизијана, каде човек гори писмо од некој Џон и секоја слика покажува аголот од кој го гледаат другите луѓе во барот кои исто така се појавуваат на сликите. Ѕидовите на барот се покриени со банкноти и бизнис картички и тој е направен во студио во Лондон за да се фотографира за албумот. Уште еднаш фирмата Хипносис ги дизајнира сликите и се номинирани за Греми за опаковката на албумот.

Критики[уреди]

Намерата е албумот да се издаде пред двојниот концерт на групата во Кнеборт во 1979 година, но поради разни одложувања во продукцијата се издава по концертите, на концеротот на 4 август Плент го исмејува овој факт.

Иако не добива позитивни оценки од критичарите, In Through the Out Door се искачува на првата позиција на топ листите во својата втора недела од издавање и сите песни од албумот се појавуваат на топ листите што е невиден подвиг. Останувајќи на првата позиција на топ листата во САД седум недели и продавајќи се во три милиони копии до крајот на септември 1979 година и 6 милиони копии на денешен ден, заедно со Лед Зепелин 2, In Through the Out Door се двата албума од нивниот каталог кои најдолго остануваат на првата позиција на топ листата. По издавањето членовите искажуваат одредена незадоволност со албумот:

'In Through the Out Door не е најдобрата работа светот, ама барем се потрудивме да комбинираме за наше добро. Од сите наши албуми беше малку поповлечен бидејќи долго време бевме изолирани од целиот хаос. Во 1977, кога го изгубив синот, не ми беше дојдено до песни како Black Dog или слично. In Through the Out Door е повеќе совесен отколку див.' Изјавува Плент. Во 1998 година за Гитар Ворлд, по прашањето дали ја губат желбата за уште еден хард рок албум, Пејџ изјавува:

'Никогаш. Никогаш. Всушност, јас и Бонзо (тапанарот) веќе планиравме еден таков албум по ова. Двајцата мислевме дека овој албум е малку мек и не бев луд по All My Love, можев да ги замислам луѓето како ги мавтаат рацете на рефренот и воопшто не ми се допаѓаше тоа. Си помислив: Тоа не сме ние. Тоа не сме ние. Тоа е добра песна, но не сакав да тргнеме во таа насока со нашата музика.'

Во истото интервју Пејџ објаснува дека ЏПЏ е многу инспириран да создаде нови песни по купувањето на неговиот нов синтисајзер и почнува да работи повеќе со Плент, нешто што дотогаш не се случило. Во 2004 година Пејџ изјавува дека мора да направат нешто повеќе хард рок по In Through the Out Door, дека не е најлесниот албум, беше како премин кон нешто друго, нешто што би било кога би било. Од друга страна менаџерот Ричард Кол во својата книга Скали до Рајот, вели дека го слушнал Бонам тврдејќи дека Плент најубаво пее во песната All My Love. Ова е последниот албум пред смртта на Бонам на 25 септември 1980 година.

Признанија и награди[уреди]

Магазин Земја Признание Година Ранг
Американски музички награди САД Најдобар поп/рок албум[2] 1980 Номиниран
 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 3.5/5 ѕвездички link
Robert Christgau B+ link
Q 3/5 ѕвездички [October 2000]
Rolling Stone Mixed link
The Rolling Stone Album Guide 3/5 ѕвездички link

Лсита на песни[уреди]

ЏПЏ, Плент и Пејџ ги пишуваат сите песни, освен каде што има дополнителни заслуги.

Прв дел
бр. Наслов Автор Траење
1. In the Evening“     6:49
2. South Bound Saurez“   Џонс и Плант 4:12
3. Fool in the Rain“     6:12
4. Hot Dog“   Пејџ и Плант 3:17
Втор дел
бр. Наслов Автор Траење
5. Carouselambra“     10:32
6. All My Love“   Џонс и Плант 5:51
7. I'm Gonna Crawl“     5:30

Положба на топ листите[уреди]

Табела (1979) Највисок пласман
Japanese Albums Chart[3] 2
Swedish Albums Chart[4] 17
UK Albums Chart[5] 1
US Cash Box Top 100 Albums[6] 1
US Record World Album Chart[7] 1
US Billboard 200[8] 1
Norwegian Albums Chart[9] 14
Austrian Album Charts[10] 20
Canadian RPM Albums Chart[11] 1
New Zealand Top 50 Albums Chart[12] 1
Australian Albums Chart 3[се бара извор]
German Albums Chart[13] 28
Spanish Albums Chart[14] 5
French Albums Chart[15] 7
Синглови
Година Сингл Табела Позиција
1980 "Fool in the Rain" Билборд Hot 100 21[16]

Сертификации за продажба[уреди]

Шаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table Bottom

Екипа[уреди]

Led Zeppelin
Дополнителен персонал

Наводи[уреди]

  1. Herbmusic
  2. „Favorite Pop/Rock Album – 18 January 1980“. rockonthenet. http://www.rockonthenet.com/archive/1980/amas.htm. конс. 19 јануари 2009. 
  3. „Top 100 Albums – 25 August 1979“. Oricon. http://www.oricon.co.jp/. конс. 19 јануари 2009. 
  4. „Top 60 Albums – 7 September 1979“. swedishcharts.com. http://swedishcharts.com/showitem.asp?interpret=Led+Zeppelin&titel=In+Through+The+Outdoor&cat=a. конс. 19 јануари 2009. 
  5. „Top 100 Albums – 8 September 1979“. chartstats.com. архивирано од оригиналот на 2 јануари 2013. http://archive.is/GXLXB. конс. 19 јануари 2009. 
  6. „Top 100 Albums – 8 September 1979“. „Cash Box“. http://msdb.hp.infoseek.co.jp/cb&bb/album%20no1/1979.htm. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  7. [http://www.geocities.com/muggy59/RWPOPLPS1975THRU1979.html[мртва врска] „Top Pop Albums – 8 September 1979“]. „Record World“. http://www.geocities.com/muggy59/RWPOPLPS1975THRU1979.html[мртва врска]. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  8. „The Billboard 200 – 15 September 1979“. „Billboard“. http://www.billboard.com/bbcom/esearch/chart_display.jsp?cfi=305&cfgn=Albums&cfn=The+Billboard+200&ci=3069561&cdi=8761414&cid=09%2F15%2F1979. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  9. „Top 20 Albums – 16 September 1979“. norwegiancharts.com. http://norwegiancharts.com/showitem.asp?interpret=Led+Zeppelin&titel=In+Through+The+Outdoor&cat=a. конс. 19 јануари 2009. 
  10. „Top 75 Albums – 15 October 1979“. austriancharts.at. http://austriancharts.at/showitem.asp?interpret=Led+Zeppelin&titel=In+Through+The+Outdoor&cat=a. конс. 19 јануари 2009. 
  11. „Top Albums/CDs – Volume 32, No. 6, November 3, 1979“. „RPM. http://www.collectionscanada.gc.ca/rpm/028020-119.01-e.php?brws_s=1&file_num=nlc008388.6859a&volume=32&issue=6&issue_dt=November%2003%201979&type=1&interval=24&PHPSESSID=hrg50o22lgammqcogv27ve6d95. конс. 19 јануари 2009. 
  12. Scapolo, Dean (2007). „Top 50 Albums – November 1979“. „The Complete New Zealand Music Charts“ (1st издание). Wellington: Transpress. ISBN 978-1-877443-00-8. 
  13. „Top 100 Albums – November 1979“. charts-surfer.de. http://www.charts-surfer.de/musiksearch.php. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  14. „Top 100 Albums – 15 December 1979“. PROMUSICAE. http://www.promusicae.es/english.html. конс. 19 јануари 2009. 
  15. „Top 100 Albums – 1979“. infodisc.fr. http://www.infodisc.fr/B-CD_1979.php. конс. 19 јануари 2009. 
  16. [1][мртва врска]

Надворешни врски[уреди]

Регион Сертификација Продажба
Претходник
The Best Disco Album in the World by various artists
UK Albums Chart number one album
8–22 September 1979
Наследник
The Pleasure Principle by Gary Numan
Претходник
Get the Knack by The Knack
Billboard 200 number-one album
15 September – 2 November 1979
Наследник
The Long Run by Eagles

Шаблон:In Through the Out Door