Houses of the Holy

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Houses of the Holy“
Студиски албум од Led Zeppelin
Издаден 28 март 1973 (1973-03-28)
Снимен јануари-август 1972, Stargroves и Headley Grange со Rolling Stones Mobile Studio, и Island Studios, Лондон; Mixed at Olympic Studios, London and Electric Lady Studios, New York
Жанр хард рок, хеви метал
Траење 40:58
Јазик англиски
Издавачка куќа Атлантик
Продуцент Џими Пејџ
Led Zeppelin — Хронологија
Led Zeppelin IV
(1971)
Houses of the Holy
(1973)
Physical Graffiti
(1975)
Издадени песни од Houses of the Holy
  1. "Over the Hills and Far Away"/"Dancing Days"
    Издадена: 24 мај 1973 (1973-05-24)
  2. "D'yer Mak'er"/"The Crunge"
    Издадена: 17 септември 1973 (1973-09-17)

Houses of the Holy e петтиот студиски албум на англиската рок група Лед Зепелин, издаден преку издавачката куќа Атлантик Рекордс на 28 март 1973 година. Насловот на албумот е посвета за верните фанови кои се појавуваат на нивните концерти чии локации ги нарекуваат Houses of the Holy (Домови на Светите). Втор албум на групата кој не е именуван по нив и прв албум кој содржи целосно оригинален материјал. Претставува музички пресврт за Лед Зепелин бидејќи почнуваат да користат многу повеќе слоеви и методи на продуцирање во нивните песни.

РИАА го сертифицира 11 пати платинест и песната со исто име е снимена во овие сесии, но се појавува на следниот албум. Во 2012 година списанието Ролинг Стоун го става на 148 позиција на листата од 500те Најдобри албуми на сите времиња.

Снимање[уреди]

Поголемиот дел од албумот се снима во пролетта 1972 година во Старгроувс, селскиот имот во Беркшир на Мик Џегер и повторно со користење на подвижното студио на групата Ролинг Стоунс. Некои од песните на албумот се и пред тоа снимани, како на пример песната No Quarter, чиј прв обид е во текот на сесиите во Хедли Гранџ.

Неколку од песните се продуцираат како демоа (пробни снимки) во личните студиа на Џими Пејџ и Џон Пол Џонс. Овие двајца ги монтираат студиата во нивните домови и тоа им овозможува да ги довршат почнатите аранжмани. Како на пример, недовршените The Rain Song и Over The Hills and Far Away се довршуваат во студиото на Џими, додека ЏПЏ ја довршува No Quarter.

Уште еден дел од снимањето е спроведен во Олимпик Студиос во мај 1972 година и во текот на турнејата низ Северна Америка истата година во студиото Електрик Лејди Студиос во Њујорк.

Некои од песните како Black Country Woman, Walter’s Walk, The Rover и Houses of The Holy снимени во овие сесии не се наоѓаат на овој албум, туку на некои од следните.

Компонирање[уреди]

Стилистички, овој албум е еден голем пресврт во кариерата на Лед Зепелин. Гитарските рифови имаат повеќе слоеви во споредба со оние од претходните албуми и продуцентските методи на Џими Пејџ еволуираат и се оддалечуваат од раните влијанија на блуз музиката кои се застапени во првите четири албуми.

Освен кај Џими, голем напредок се чувствува и кај Роберт Плент, чии текстови на песните The Song Remains The Same и нејзиниот комплициран сопатник The Rain Song се многу позрели изданија на неговите мистични тематики.

Други песни како D’yer Mak’er, No Quarter, The Crunge се нешто нечуено во нивниот досегашен репертоар. D’yer Mak’er е реге песна и насловот се римува со британскиот изговор на зборот Јамајка. Исто така тоа е една од ретките песни каде сите 4 членови на Лед Зепелин ги делат композиторските заслуги.

No Quarter содржи елементи на атмосферски синтисајзер и соло на акустично пиjано на ЏПЏ. Dancing Days е инспирирана од некоја индијска музика која Џими Пејџ ја чул во Бомбај и содржи уште едно иако малку чудно сепак неверојатно соло од вториот најдобар гитарист на сите времиња.

The Crunge e фанк песна во чест на кумот на соул музиката Џејмс Браун, а The Rain Song е разубавена со звуците на новиот мелотрон на ЏПЏ. Последната песна од албумот, The Ocean содржи еден акапела дел и неверојатна кода (завршен дел)под влијание на старата ду-оп музика, и е посветена на океанот од фанови кои се појавуваат на концертите на Лед Зепелин во тоа време.

Според експертот за групата Дејв Луис:

Кога ќе се присетам Houses of the Holy одлично се носи со другите албуми од овој период. Конечно се најде баланс помеѓу оние селски акустични песни и тежината од првите два албуми. Иако отсуствува оној електрицитет од Лед Зепелин 1 и 2 и разновидноста од Лед Зепелин 3, како и класичниот статус на Лед Зепелин 4, петтиот албум ја отсликува положбата во која се наоѓа групата и служи како почеток за ширење на нивните музички стремежи.

Опаковка[уреди]

Опаковката на Houses of the Holy е инспирирана од крајот на книгата на Артур Кларк, Крај на детството. Крајот на книгата содржи неколку стотици милиони разголеми деца, што само малку и физички наликува на основната форма на човечката раса. Тоа е колаж од неколку фотографии од Преминот на џиновите во Северна Ирска, кои ги слика Обри Пауел од фирмата специјализирана за опаковки на албуми Hipgnosis. Конкуренција на оваа локација и била уште една од Перу, но на крајот оваа е одбрана.

Двете деца кои позираат за сликите се Стефан и Саманта Гејтс и фотосесијата траела фрустрирачки 10 дена поради барање на вистинскиот дел од денот за да се фати правото осветлување. Фотосесиите се правени наутро и на зајдисонце за да се фати светлото од замракот и зората но никогаш не се постигнува посакуваниот ефект. Затоа децата се сликани во црно и бело и потоа се додадени на колажот како 11те лица кои се гледаат на опаковката. Иако незадоволителни, крајните слики оставаат впечаток поради некои случајно додадени засенчувања при постпродукцијата. Сликата од внатрешноста на опаковката е од замокот Данлус кој се наоѓа близу до Преминот на џиновите.

Во февруари 2010 година британската програма ББЦ Радио 4 му посвети получасовен документарен филм насловен Stefan Gates’s Cover Story на едно од децата од сликата за неговото учество во правењето на опаковката на албумот. Во филмот и покрај тоа што неговата сестра не се согласува, Стефан тврди дека има нешто злобно во врска со сликата. Тој исто така тврди дека никогаш не го чул албумот. Филмот завршува со неговото повторно посетување на Преминот на џиновите, слушајќи го Houses of the Holy и признава дека му паднал камен од срце по слушањето.

Исто како и на претходниот албум никакво име не е испринтано на опаковката, но менаџерот на групата Питер Грант им дозволува на Атлантик Рекордс да го покријат со хартија која ги содржи имињата на албумот и групата. Иако хартијата ги покрива задниците на децата од сликата, сепак албумот е забранет или недостапен во некои делови во југот на САД неколку години. ЦД изданието од 1980 година содржи дополнителни информации на опаковката.

Во 1974 година албумот е номиниран за Греми во категоријата за најдобра опаковка за албум и ВиЕјџ 1 ја става на шестата позиција на листата на 50 најдобри опаковки за албуми на сите времиња во 2003 година.

Џими Пејџ изјавува дека сликата од опаковката е втора верзија која им била пратена од ангажираната фирма. На првата верзија уметникот Сторм Торгерсон нацртал зелен електричен терен за тенис со тениски рекет на него. Членовите на групата помислуваат дека со тоа тој имплицира дека нивната музика е само врева (англиските racket и racquet се изговараат исто но значат врева и рекет)и го отпуштаат, по што Пауел го заменува. Сепак подоцна Торгерсон е повторно вработен од групата за опаковките на албумите Presence и In Through the Out Door.

Критики[уреди]

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 5/5 ѕвездички[1]
Billboard Favourable[2]
Robert Christgau A−[3]
Entertainment Weekly A[4]
Rolling Stone (1973) Unfavourable[5]
Rolling Stone (2003) 5/5 ѕвездички[6]
The Rolling Stone Album Guide 4.5/5 ѕвездички[7]
Yahoo! Music Favourable[8]

Ова е последниот албум на Лед Зепелин издаден преку Атлантик Рекордс по што тие формираат своја издавачка куќа Суан Сонг Рекордс во 1974 година. Houses of the Holy е првиот албум кој во опаковката ги содржи текстовите за сите песните. Шаблон:Pquote

Иако е во план да се издаде во јануари 1973, поради разни одложувања при правењето на опаковката, издаден е дури во март додека групата ја одржува нивната Европска турнеја од 1973 година. Houses of the Holy многу се рекламира пред почетокот на нивната турнеја во Северна Америка и кога веќе почнува турнејата, албумот е веќе на првата позиција на топ листите. Голем број од песните веќе се изведувани пред публика на претходната турнеја бидејќи тогаш и се снимени повеќето од нив.

При издавањето албумот добива измешани критики, а негативните најмногу се однесуваат на реге и фанк изданијата на групата со песните D’yer Mak’er и The Crunge. Од друга страна пак, комерцијално албумот поминува одлично со цели 39 недели на американските топ листи (две недели на првата позиција) и влегувајќи на првата позиција на топ листата во Британија.

Во 2012 година списанието Ролинг Стоун го рангира Houses of the Holy на 148ото место на листата на 500те најдобри албуми на сите времиња.

Признанија и награди[уреди]

Магазин Земја Признание Година Ранг
The Book of Rock Lists САД "The Top 40 Albums (1973)"[9] 1981 13
Греми САД "Grammy Award for Best Recording Package"[10] 1974 Номиниран
Classic Rock Велика Британија "100 Greatest British Rock Album Ever"[11] 2006 90
Rock and Roll Hall of Fame САД "The Definitive 200: Top 200 Albums of All-Time"[12] 2007 51
Rolling Stone САД "The 500 Greatest Albums of All Time"[13] 2012 148
Pitchfork Media САД "Top 100 Albums of the 1970s"[14] 2004 75

(*) обележува неподреден список.

Листа на песни[уреди]

Прв дел
бр. Наслов Автор Траење
1. The Song Remains the Same“   Џими Пејџ и Роберт Плант 5:32
2. The Rain Song“   Пејџ и Плант 7:39
3. Over the Hills and Far Away“   Пејџ и Плант 4:50
4. The Crunge“   Џон Бонам, Џон Пол Џонс, Пејџ и Плант 3:17
Втор дел
бр. Наслов Автор Траење
1. Dancing Days“   Пејџ и Плант 3:43
2. D'yer Mak'er“   Бонам, Џонс, Пејџ и Плант 4:23
3. No Quarter“   Џонс, Пејџ и Плант 7:00
4. The Ocean“   Бонам, Џонс, Пејџ и Плант 4:31

Положба на топ листите[уреди]

Табела (1973) Највисок пласман
Japanese Albums Chart[15] 3
UK Albums Chart[16] 1
Norwegian Albums Chart[17] 4
US Billboard The 200 Albums Chart[18] 1
US Cash Box Top 100 Albums Chart[19] 1
US Record World Top Pop Albums Chart[20] 1
Austrian Albums Chart[21] 3
Canadian RPM Top 100 Albums Chart[22] 1
Spanish Albums Chart[23] 9
Australian Go-Set Top 20 Albums Chart[24] 1
Australian Kent Music Report Albums Chart 1
German Albums Chart[25] 8
French Albums Chart[26] 3
Синглови
Година Сингл Табела Позиција
1973 "D'yer Mak'er" Билборд Поп Синглови (Билборд Топ 100) 20
1973 "Over The Hills And Far Away" Билборд Поп Синглови (Билборд Топ 100) 51

Сертификации за продажба[уреди]

Шаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table Bottom

Екипа[уреди]

Led Zeppelin
Продукција

Исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Allmusic Review
  2. „Billboard Review“. Superseventies.com. http://www.superseventies.com/spledzeppelin5.html. конс. 9 август 2011. 
  3. „Robert Christgau Review“. Robertchristgau.com. http://www.robertchristgau.com/get_artist.php?id=780&name=Led+Zeppelin. конс. 9 август 2011. 
  4. Reviewed by Tom Sinclair (20 јуни 2003). „Entertainment Weekly Review“. Ew.com. http://www.ew.com/ew/article/0,,458337,00.html. конс. 9 август 2011. 
  5. 1973 Rolling Stone Review
  6. 2003 Rolling Stone Review
  7. http://web.archive.org/web/20110114031043/http://www.rollingstone.com/music/artists/led-zeppelin/albumguide
  8. „Yahoo! Music Review“. Music.yahoo.com. 5 август 2011. http://music.yahoo.com/read/review/12057686. конс. 9 август 2011. 
  9. „The Top 40 Albums 1973“. rocklistmusic.co.uk. http://www.rocklistmusic.co.uk/dmarshal.html#70. конс. 10 февруари 2009. [мртва врска]
  10. „Grammy Award for Best Album Package (Hipgnosis) – 2 March 1974“. Grammy. http://www.super70s.com/Super70s/Music/1973/Grammys.asp. конс. 10 февруари 2009. 
  11. „Classic Rock – 100 Greatest British Rock Album Ever – April 2006“. „Classic Rock“. http://www.rocklistmusic.co.uk/steveparker/classicrock2.htm. конс. 10 февруари 2009. 
  12. „The Definitive 200: Top 200 Albums of All-Time“. „Rock and Roll Hall of Fame (United States)“. http://www.rockhall.com/pressroom/definitive-200. конс. 10 февруари 2009. 
  13. „500 Greatest Albums | Rolling Stone Music | Lists“. „Rolling Stone“. http://www.rollingstone.com/music/lists/500-greatest-albums-of-all-time-19691231. конс. 9 август 2011. 
  14. „Staff Lists: Top 100 Albums of the 1970s“. Pitchfork. 23 јуни 2004. http://pitchfork.com/features/staff-lists/5932-top-100-albums-of-the-1970s/3/. конс. 9 август 2011. 
  15. „Top 100 Albums – 10 April 1973“. Oricon. http://www.oricon.co.jp/. конс. 19 јануари 2009. 
  16. „Top 100 Albums – 14 April 1973“. chartstats.com. архивирано од оригиналот на 8 декември 2012. http://archive.is/SBdP. конс. 19 јануари 2009. 
  17. „Top 20 Albums – 29 April 1973“. norwegiancharts.com. http://norwegiancharts.com/showitem.asp?interpret=Led+Zeppelin&titel=Houses+Of+The+Holy&cat=a. конс. 19 јануари 2009. 
  18. „The Billboard 200 – 12 May 1973“. „Billboard“. http://www.billboard.com/bbcom/esearch/chart_display.jsp?cfi=305&cfgn=Albums&cfn=The+Billboard+200&ci=3069088&cdi=8739973&cid=05%2F12%2F1973. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  19. „Top 100 Albums – 12 May 1973“. „Cash Box“. http://msdb.hp.infoseek.co.jp/cb&bb/album%20no1/1973.htm. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  20. [http://www.geocities.com/muggy59/RWPOPLPS1970THRU1974.html[мртва врска] „Top Pop Albums – 12 May 1973“]. „Record World“. http://www.geocities.com/muggy59/RWPOPLPS1970THRU1974.html[мртва врска]. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  21. „Top 75 Albums – 15 May 1973“. austriancharts.at. http://austriancharts.at/showitem.asp?interpret=Led+Zeppelin&titel=Houses+Of+The+Holy&cat=a. конс. 19 јануари 2009. 
  22. „RPM Albums Chart – 19 May 1973“. „RPM“. http://www.collectionscanada.gc.ca/rpm/028020-119.01-e.php?brws_s=1&file_num=nlc008388.4811&volume=19&issue=14&issue_dt=May%2019%201973&type=1&interval=24&PHPSESSID=hrg50o22lgammqcogv27ve6d95. конс. 19 јануари 2009. 
  23. „Top 100 Albums – 9 June 1973“. PROMUSICAE. http://www.promusicae.es/english.html. конс. 19 јануари 2009. 
  24. „Top 20 Albums – 30 June 1973“. „Go Set“. http://www.poparchives.com.au/gosetcharts/1973/19730630.html#albums. конс. 19 јануари 2009. 
  25. „Top 100 Albums – June 1973“. charts-surfer.de. http://www.charts-surfer.de/musiksearch.php. конс. 19 јануари 2009. [мртва врска]
  26. „Top 100 Albums – 1973“. infodisc.fr. http://www.infodisc.fr/B-CD_1973.php. конс. 19 јануари 2009. 

Надворешни врски[уреди]

Регион Сертификација Продажба
Претходник
20 Flashback Greats of the Sixties by Various Artists
UK Albums Chart number-one album
14–21 April 1973
Наследник
Ooh La La by The Faces
Претходник
Aloha from Hawaii: Via Satellite by Elvis Presley
Billboard 200 number-one album
12–25 May 1973
Наследник
1967–1970 by The Beatles
Претходник
Hot August Night by Neil Diamond
Australian Kent Music Report number-one album
4–24 June 1973
Наследник
Red Rose Speedway by Paul McCartney & Wings

Шаблон:Houses of the Holy