13 август (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1624  Францускиот крал Луј XIII го поставува кардиналот Ришелје за премиер.
1792  Француските револуционери ги апсат членовите на кралското семејство само три дена по укинувањето на монархијата и соборувањето на кралот Луј XVI.
1814  Холандија ѝ го отстапува ’Ртот на Добра Надеж на Велика Британија.
1914  Во текот на Првата светска војна, Франција и објавува војна на Австроунгарија.
1923  Мустафа Кемал Ататурк станува прв претседател на Турција.
1961  Властите на Источна Германија ја затвораат границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката порта и почнуваат со изградба на 155 километри долг ѕид по границата со Западен Берлин. Ѕидот е урнат во ноември 1989 година, по што Германија повторно се обединува.
1964  Во Велика Британија се извршени последните смртни казни со бесење на два затвореника во Ливерпул и Манчестер, осудени на смрт заради убиства.
1998  Швајцарските банки и еврејските групи постигнуваат договор со кој се предвидува исплаќање на сума од 1.250.000.000 долари како надомест на жртвите од холокаустот во текот на Втората светска војна.
2001  Потпишан е Охридскиот рамковен договор.