Шандор Тар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шандор Тар

Шандор Тар (унгарски: Tar Sándor), (1941, Хајдушамшон, Унгарија - 2005, Дебрецин, Унгарија) бил современ унгарски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Шандор Тар е роден во 1941 година во Хајдушамшон. Матурирал во инженерското средно училиште во Дебрецин, каде работел во фабриката за медицински инструменти. Од 1991 до 1999 година бил дел од уредувачкиот тим на "Holmi". Тар умрел во 2005 година во Дебрецин.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Шандор Тар е автор на поголем број поетски и прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици: англиски, француски, германски, фински, чешки и руски. Исто така, неговиот расказ "Имаме нешто проживеано" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]

Негови поважни дела се:[1]

  • Патничкиот број 6714 (кратки раскази), 1981 година
  • Зошто е добро да се биде пајак? (раскази), 1989 година
  • Толку беше (раскази), 1993 година
  • Сè е многу далеку (роман), 1995 година
  • Нашата улица (роман), 1995 година
  • Сивиот гулаб (роман), 1996 година
  • Нора доаѓа (раскази), 2000 година
  • На крајот на географската карта (кратки раскази), 2003 година
  • Договор (кратки раскази), 2004 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 236.
  2. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.