Чеково

Координати: 41°6′N 23°47′E / 41.100° СГШ; 23.783° ИГД / 41.100; 23.783
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чеково
Τσέκοβα
Чеково is located in Грција
Чеково
Чеково
Местоположба во областа
Чеково во рамките на Зелјахово (општина)
Чеково
Местоположба на Чеково во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°6′N 23°47′E / 41.100° СГШ; 23.783° ИГД / 41.100; 23.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаЗелјахово
Надм. вис.&10000000000000800000000800 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Чеково (грчки: Τσέκοβα, Цекова) — поранешно село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Зелјахово на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало високо на планината Сминица, околу 5 км северозападно од селото Анасташа и источно од градот Сер, на надморска височина од 800 м.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Чеково било турско село во Зихненската каза на Серскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Чеково имало 190 жители Турци.[2]

Во Првата балканска војна Чеково е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало за време на Балканските војни, во пописот од 1913 година селото се води како разурната населба.[1]

Селото било обновено по 1923 г. кога во него биле сместени околу 50 жители, најверојатно сточари. Наскоро потоа селото целосно се распуштило бидејќи е избришано од евиденција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 229.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 182. ISBN 954430424X.