Чавдар (Софиска Област)

Координати: 42°39′36.5″N 24°3′21.88″E / 42.660139° СГШ; 24.0560778° ИГД / 42.660139; 24.0560778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чавдар
Чавдар
село
Плоштадот во селото
Плоштадот во селото
Чавдар is located in Бугарија
Чавдар
Чавдар
Местоположба на Чавдар во Бугарија
Координати: 42°39′36.5″N 24°3′21.88″E / 42.660139° СГШ; 24.0560778° ИГД / 42.660139; 24.0560778
ЗемјаБугарија
ОбластСофија
ОпштинаЧавдар
Управа
 • ГрадоначалникГригор Даулов (БСП, НФСБ)
Површина
 • Вкупна70,797 км2 (27,335 ми2)
Надм. вис.&10000000000000570000000570 м
Население (2022)
 • Вкупно1,282
 • Густина18/км2 (47/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код2084
Повик. бр.+359 07189
Мреж. местоchavdar.eu

Чавдар (бугарски: Чавдар) — село во Западна Бугарија, административен центар на општината Чавдар во Софиската Област. Има население од околу 1.282 жители (2022).[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Златишко-Пирдопската Котлина, во подножјето на Стара Планина, на 71 км од главниот град Софија во непосредна близина на градовите Златица и Пирдоп.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1968 година, за време на археолошките истражувања, во атарот на селото покрај реката Тополница била ископана населена тумба, што откри дека овде постоел организиран живот уште пред 7.000 години. Изучувањето на чавдарската неолитска култура започнала во мај 1968 година и била завршена во 1980 година под раководство на праисторичарите од Археолошкиот завод и музеј проф. Георги Георгиев и К’нчо К’нчев. Откриена е исклучително вредна сликана керамика, која подоцна им била дадена на специјалисти за истражување.[2]

Според некои историчари, во средниот век на месноста „Ќој Дере“ постоела бугарска населба Марково, за што се пишува во познатото Добрејшово евангелие од 13 век. Првата пишана информација за денешното село датира од 1430 година во османлиски регистар на тимари, зеамети и хаси од Никополскиот санџак. Запишан е под името Коланлар (произлезено од множина на турскиот збор kolan - „коњ“, т.е. место со многу коњи, пасиште за коњи), со 29 даночни обврзници - Јуруци.

Во 1899 година селото било преименувано во Радославово во чест на д-р Васил Радославов, кој тогаш бил лидер на владејачката Либерална партија. По формирањето на комунистичката власт во 1946 година, Радославово е преименувано во Чавдар, кое име го носи до денес.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]