Тополница (река)

Координати: 42°34′38″N 24°0′35″E / 42.57722° СГШ; 24.00972° ИГД / 42.57722; 24.00972
Од Википедија — слободната енциклопедија

42°34′38″N 24°0′35″E / 42.57722° СГШ; 24.00972° ИГД / 42.57722; 24.00972

Поглед кон Тополница од АМ Тракија

Тополница е река во јужна Бугарија. Реката извира од Средна Гора, во близина на сливот на реките Ширинеј и Крива Река, кај градот Копривштица.

Реката е долга 95 километри и се влева во Марица во близина на Автопатот Тракија и градот Пазарџик. На неа е изградена браната Тополница, која се користи за наводнување на целото Пазарџиско поле[1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тополница“. Българска енциклопедия А-Я. БАН, Труд, Сирма. 2002. ISBN 954-8104-08-3. OCLC 163361648.