Црноглава стрнарка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црноглава стрнарка
Возрасен мажјак
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Стрнарки
Род: Emberiza
Вид: Црноглава стрнарка
Биномен назив
Emberiza melanocephala
Scopoli, 1769
Распространетост
Синоними

Granativora melanocephala

Црноглавата стрнарка или црноглавата овесарка (науч. Emberiza melanocephala) е врапчевидна птица овесарка од фамилијата на стрнарките Emberizidae, која се размножува низ југоисточна Европа на исток до Иран и мигрира зимно време во Индија, со некои индивидуи кои одат уште понајуг во југоисточна Азија. Ја има и во Македонија. Како и другите од неговата фамилија, живее во отворени пространства со трева, каде во јата оди во потрага по житни растенија и семиња. Мажјаците се препознатливи со своите жолти делови од телото, костенлив грб и црна глава. Женките се побледа варијанта на мажјаците.

Опис[уреди]

Црноглавата стрнарка е долга 15 см и има долга опашка. Мажјакот има светложолти долни делови, костенливи горни делови и црна маска преку очите и капа. Женките се бледа верзија на мажјаците, со посветли долни делови, сивокафеав грб и сивкава глава. Младенчињата се слични, но задникот им е жолт. Едногодишните мажјаци имаат сива круна, а шарките нa грбот се костенливи и сиви. [2]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Живеалиштето на црноглавата стрнарка се отворените пространства со грмушки, вклучувајќи ги и обработливите ниви. Зимно време се селат во Азија и големи јата се среќаваат на земјоделските култури и ливади. Најдолга миграција забележана од означена птица со прстен е околу 7.000 км; друга, пак, имала пат од 1.000 км за седум дена.

Главната територија за размножување се распостила од југоисточна Европа до централна Азија. Зимувалиштата се претежно во Индија, иако скитници се забележани да зимуваат во Јапонија, Кина, Хонг Конг, Тајланд, Лаос, Јужна Кореја и Малезија.[3] Летните скитници може да достигнат на север до Норвешка.

Однесување[уреди]

Црноглава стрнарка во Индија
Emberiza melanocephala јајца

Црноглавите стрнарки може да ги видиме во јата како пасат по нивите барајќи семе. Сезоната на размножување им е лете, кога градат гнездо на земја или ниско во грмушка. Тоа е во форма на чашка направено од сува трева и дооформено со влакна.[4] Леглото содржи 4-6 јајца. Инкубацијата трае 14 дена, а пилињата се оперјуваат по 10 дена. За тоа време овие птици се хранат со инсекти, инаку, се хранат со семиња.

За разлика од другите стрнарки, овие се митарат двапати годишно.

Повикот и е едно твит или меко црит. Песната содржи серија од гласни строфи составени од груби ноти кои се мешаат пред нагло да завршат.[2]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Emberiza melanocephala. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106008960. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 Rasmussen, PC & Anderton, JC (2005). „Птиците на јужна Азија. Водичот на Рипли. Том 2“. Smithsonian Institution and Lynx Edicions. стр. 556. 
  3. Dymond, N (1999). „Two records of Black-headed Bunting Emberiza melanocephala' in Sabah- the first definite occurrence in Malaysia and Borneo.“. „Forktail“ 15: 102. http://orientalbirdclub.org/publications/forktail/15pdfs/Dymond-Bunting.pdf. 
  4. Dresser, HE (1902). „A manual of Palaearctic birds. Part 1“. London: Published by the author. стр. 346–347. http://archive.org/stream/manualofpalarc01dresrich#page/n367/mode/2up. 

Надворешни врски[уреди]