Црна топола
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Црна топола | |
|---|---|
| Црна топола во Бекеш, Унгарија | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Нерангирано: | Скриеносеменици |
| Нерангирано: | Евдикоти |
| Нерангирано: | Розиди |
| Ред: | Малпигиовидни |
| Фамилија: | Врби |
| Род: | Топола |
| Вид: | Црна топола |
| Биномен назив | |
| Populus nigra L. |
|
Црна топола или „делтоидна топола“ (латински Populus nigra) е вид топола од родот Тополи (Populus), по потекло од Европа и југозападна Азија. Ова е големо листопадно дрво кое достигнува височина од 30-40 м. Листовите му се делтоидни до триаголни со должина од 5 до 11 см, а по боја зелени на лицето и опачината.
Постојат две сорти, а некои ботаничари додаваат и трета:
- Populus nigra сорта nigra. Јужна и централна Европа, како и југозападна Азија ако не ја разликуваме сортата afghanica. Листовите и фиданските се ќоси; кората е сивкасто-кафена, дебела и избраздена.
- Populus nigra сорта betulifolia. Северозападна Европа (Франција, Англија). Жилите на лисјата и фиданките се фино-брановити; кората е сивкасто-кафена, дебела и избраздена.
- Populus nigra сорта afghanica. Југозападна Азија; многу ботаничари ја сметаат за одгледана потсорта на сортата nigra; мазна кора, речиси бела; листовите и фиданките како кај сортата nigra.
Постојат и неколку одгледани потсорти, кои виреат од гранчиња:
- 'Italica'. Вистинска ломбардска топола, одгледана во Ломбардија, северна Италија, во XVII век. Рате шилесто со мошне тесна крошна. Бидејќи по потекло е Средоземна, приспособена е на топли, суви лета, што значи дека на влажна клима расте слабо и брзо умира (заради неспремноста за габични болести. Машки клон.
- Плантиереска група. Група клонови добиена со вкрстување на 'Italica' со P. nigra сорта betulifolia во Планиерескиот расадник близу Мец, Франција во 1884; слична на 'Italica', но со малку поширока крошна. Подобро приспособена на поладната и повлажна клима во северозападна Европа, каде италијанската сорта не вирее добро. Се одгледуваат и машки и женски клонови. Ова дрво најчесто го среќаваме на Британските Острови под називот „Lombardy Poplar“.
- 'Gigantea'. Уште еден шилест клон, но од непознато потекло, со поширока и поразиграна коршна од италијанската. Женски клон.
- 'Afghanica'. Сите примероци на afghanica доаѓаат од еден ист клон, и затоа многу ботаничари ја сметаат за одгледана потсорта, а не ботаничка сорта. Исто така шилеста, слична на 'Italica', но со приметлива бела кора; се разликува од 'Italica' и по тоа што е женски клон. Често се среќава во југозападна Азија и југоисточна Европа (на Балканот), каде била донесена во турско време. Позната и како 'Thevestina'.
| „Populus nigra“ на Ризницата |