Малпигиовидни

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Малпигиовидни
Период: средна креда - денес 115–0 мг
Цвет на краснолист (Calophyllum inophyllum)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Малпигиовидни
Martius
Фамилии

во текстот.

Малпигиовидните (науч. Malpighiales) се еден од најголемите редови на цветни растенија, со околу 16.000 вида или 7,8% од евдикотите.[1] Редот е мошне разновиден и нема заеднички особини, со исклучок на молекуларните филогенетски наоди. Не е сместен во ниедна систематика заснована чисто на морфологија. Според пресметките (молекуларен часовник), стеблената група Малпигиовидни води потекло од пред околу 100 мг, а крунската група од пред 90 мг.[2]

Редот се дели на 32 до 42 фамилии, зависно од тоа кои кладови добиваат таксономскиот ранг на фамилија.[3] Поновиот систем APG III признава 35 фамилии.[4] Medusagynaceae, Quiinaceae, Peraceae, Malesherbiaceae, Turneraceae, Samydaceae и Scyphostegiaceae се обединети во други фамилии. Далеку најголема фамилија е Млечки (Euphorbiaceae), со околу 6300 видови и приближно 245 рода.[5]

По извршеното испитување на ДНК-низите на 13 гена во 2009, 42 фамилии се ставени во 16 групи, од една до десет фамилии по големина. За поврзаноста помеѓу овие 16 групи не се знае речиси ништо.[3] Малпигиовидните и Мртвокопривовидните (Lamiales) се двата големи реда чија филогенија е најнеразрешена.[6]

Разграничувања[уреди]

Малпигиовидните се монофилетски и, во молекуларни филогенетски истражувања, добиваат силна статистичка поддршка.[1] Од објавувањето на системот APG II (2003) до денес се извршени само мали измени во разграничувањео на редот. Фамилијата Peridiscaceae е проширена од два рода на три, потоа на четири, па префрлена во Saxifragales (Каменоломовидни).[3][7]

Кон крајот на 2009, утврдено е дека во Малпигиовидните спаѓаат и родовите Cyrillopsis (Ixonanthaceae), Centroplacus (Centroplacaceae), Bhesa (Centroplacaceae), Aneulophus (Erythroxylaceae), Ploiarium (Bonnetiaceae), Trichostephanus (Samydaceae), Sapria (Rafflesiaceae), Rhizanthes (Rafflesiaceae) и Rafflesia (Rafflesiaceae).[3]

Измени имаат претрпено и разграничувањата на извесни фамилии, од кои најзабележително е одделувањето Calophyllaceae (Краснолистови) од фамилијата Клузии (Clusiaceae) sensu lato по увидувањето дека второспоменатите се парафилетични.[3] Кај стручњаците постојат и некои разидувања во врска со гразграничувањето во рамките на самите фамилии. На пример, Samydaceae и Scyphostegiaceae некаде се признаваат како фамилии, а некаде се ставаат во голема верзија на Salicaceae (Врби).[8]

Филогенија[уреди]

Смрековилна млечка (Euphorbia cyparissias)
Обичен лен (Linum usitatissimum)
Црна топола (Populus nigra)
Сино страдалниче (Passiflora caerulea)

Како што е познато (2009), филогенијата на Малпигиовидните е на најдлабоко ниво неразрешена политомија од 16 кладови. Се смета дека за целосно разрешување потребни се 25.000 базни парови од ДНК-низи по таксон.[9] Слична е ситуацијата и кај Мртвокопривовидните, за кои се извршени подробни анализи.[10] Долуприкажаното филогенетско дрво е преземено од Вурдак и Дејвис (2009).

Malpighiales
98/100 

Putranjivaceae



Lophopyxidaceae




Irvingiaceae


84/100  

Centroplacaceae



Caryocaraceae



Pandaceae



Ixonanthaceae



Humiriaceae



Linaceae




Elatinaceae



Malpighiaceae



84/100  

Ctenolophonaceae


Rhizophoraceae s.l.  

Erythroxylaceae



Rhizophoraceae




99/100  

Balanopaceae


Chrysobalanaceae s.l.  


Trigoniaceae



Dichapetalaceae





Euphroniaceae



Chrysobalanaceae





Ochnaceae s.l.  

Ochnaceae



Medusagynaceae



Quiinaceae



clusioids  
92/98  

Bonnetiaceae



Clusiaceae





Calophyllaceae




Hypericaceae



Podostemaceae





phyllanthoids  

Picrodendraceae



Phyllanthaceae





Peraceae


90/90  

Rafflesiaceae


85/100  

Euphorbiaceae




parietal clade  

Achariaceae


76/98  

Goupiaceae


82/100  

Violaceae


Passifloraceae s.l.  

Malesherbiaceae




Turneraceae



Passifloraceae







Lacistemataceae


Salicaceae s.l.  

Samydaceae




Scyphostegiaceae



Salicaceae








Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Peter F. Stevens (2001-). Малпигиовидни (Malpighiales) - Филогенија на скриеносемениците (англиски)
  2. Susana Magallón and Amanda Castillo (2009), „Angiosperm diversification through time“, „American Journal of Botany“ 96 (1): 349–365, doi:10.3732/ajb.0800060, PMID 21628193 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Kenneth J. Wurdack and Charles C. Davis (2009), „Malpighiales phylogenetics: Gaining ground on one of the most recalcitrant clades in the angiosperm tree of life“, „American Journal of Botany“ 96 (8): 1551–1570, doi:10.3732/ajb.0800207, PMID 21628300 
  4. Група за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (2009). „An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III“. „Botanical Journal of the Linnean Society“ 161 (2): 105–121. doi:10.1111/j.1095-8339.2009.00996.x. 
  5. Alan Radcliffe-Smith. 2001. Genera Euphorbiacearum. Royal Botanic Gardens, Kew: Richmond, England.
  6. Douglas E. Soltis, Pamela S. Soltis, Peter K. Endress, and Mark W. Chase (2005), „Phylogeny and Evolution of the Angiosperms“, Sunderland, MA, USA: Sinauer, ISBN 978-0-87893-817-9 
  7. Soltis, Douglas E.; Clayton, Joshua W.; Davis, Charles C.; Gitzendanner, Matthew A.; Cheek, Martin; Savolainen, Vincent; Amorim, André M.; Soltis, Pamela S. (2007). „Monophyly and relationships of the enigmatic family Peridiscaceae“. „Taxon“ 56 (1): 65–73. 
  8. Mac H. Alford. 2007. "Samydaceae". Version 06 February 2007". In: The Tree of Life Web Project.
  9. Shuguang Jian, Pamela S. Soltis, Matthew A. Gitzendanner, Michael J. Moore, Ruiqi Li, Tory A. Hendry, Yin-Long Qiu, Amit Dhingra, Charles D. Bell, and Douglas E. Soltis (2008), „Resolving an Ancient, Rapid Radiation in Saxifragales“, „Systematic Biology“ 57 (1): 38–57, doi:10.1080/10635150801888871, PMID 18275001 
  10. Wortley, Alexandra H.; Rudall, Paula J.; Harris, David J.; Scotland, Robert W. (2005). „How Much Data are Needed to Resolve a Difficult Phylogeny? Case Study in Lamiales“. „Systematic Biology“ 54 (5): 697–709.