Црква „Св. Мина“ - Емборе

Координати: 40°29′17.4″N 21°33′33.1″E / 40.488167° СГШ; 21.559194° ИГД / 40.488167; 21.559194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Мина
Αγίου Μηνά
Карта
40°29′17.4″N 21°33′33.1″E / 40.488167° СГШ; 21.559194° ИГД / 40.488167; 21.559194
МестоЕмборе, Кајларско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1815
Управа
Архијерејско намесништвоКајларско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Свети Мина (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Μηνά) — црква во селото Емборе, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1815 г. храмот е обновен од темел на местото на старата црква на сретселото.[1] Емборе за кратко време било седиште на Мегленската епархија на крајот на XVIII и почетокот на XIX век, и „Св. Мина“ била катедрална црква.[2]

По создавањето на Бугарската егзархија во 1871 г. речиси целото население на селото потпаднало под нејзиното врховенство и во 1885 г. со управно решение егзархистите ги добиле црквите „Св. Мина“, „Св. Димитриј“ и „Св. Константин и Елена“ (Еленица). Во 1895 г. патријаршискиот владика Јоаникиј Мегленски безуспешно се обидувал за завладее со „Св. Мина“ со аргументот дека во неа е погребан последниот емборски владика.[2] Како последица од тоа, уапсени се претседателот на црковната општина поп Димитар, син му Крстe Димитров, чорбаџијата Никола Чирков, внук му Динката Чирков, учителот Иван Чеков и неколку жени, меѓу кои и сестрата на Димитар Македонски, Лена.[3]

Опис[уреди | уреди извор]

Црквата е трикорабна базилика со дрвен покрив типична за своето време. Во неа се чуваат вредни икони 1540 до 1574 г. во византиски стил. Иконите на иконостасот се сликани од 1815 до 1850 г. и се во месен македонски стил, мешавина од традиционалниот византиски и поновиот ренесансен. Има икони донесени од Аргирупол (Ѓумушхане), од каде дошле грчките доселеници во Емборе во 1920-тите, и тие датират од 1905 до 1906 г. Во храмот има и нови икони насликани по 1930 г. во византиски стил.[1]

Во храмот има параклис „Света Анастасия Узорешителница“, на западната му страна има часовникова кула. До црквата е изградена копија на цариградската кула Галата. Соседната црква „Св. Софија“ е копија на истоимената црква во Цариград.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Μικρό Φωτοταξίδι στο Εμπόριο Πτολεμαΐδας“. Otiagapo. 11 ноември 2016. Посетено на 21 јануари 2020.
  2. 2,0 2,1 Димитровъ, Благой (1938). „Емборски спомени от 1895 г.“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. X (10 (100): 4. Занемарен непознатиот параметар |month= (help); no-break space character во |title= во положба 25 (help)
  3. Димитровъ, Благой (1938). „Емборски спомени от 1895 г.“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. X (10 (100): 5. Занемарен непознатиот параметар |month= (help); no-break space character во |title= во положба 25 (help)