Хуан Баутиста де Толедо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ликот на Хуан Баутиста де Толедо на фасадата на музејот „Прадо
Дворецот „Ескоријал

Хуан Баутиста де Толедо (шпански: Juan Bautista de Toledo; ~ 1515 - 19 мај 1567) — славен шпански вајар и архитект од Толедо или Мадрид.[1]

Ништо не се знае за неговото раѓање и детство, но во 1547 г., Толедо отишол во Рим и учел кај Микеланџело Буонароти. Потоа отишол во Неапол, каде бил повикан од вицекралот, Дон Пјетро де Толедо, како архитект за Карло V. Таму конструирал многу згради, како: „Страда ди Толедо“ (од 1870 г. наречена „Страда ди Рома“), црквата „Св. Јаков Шпански“; квадратните бастиони за замокот „Кастело Нуово“; голема палата во Посилипо како и бројни фонтани.

Во 1559, повикан е во Мадрид од кралот Филип II и назначен за главен архитект за кралските изградби во Шпанија. Најпрвин платата не му била поголема од 220 дукати, заради мислењето на Филип дека шпанските архитекти треба да се плаќаат скромно додека не се докажат. Во Мадрид Толедо ја конструирал Каза де ла Мизерикордија и фасадата на црквата де лас Дескалцас Реалес. Исто така создал градби во Акека; палатата Аранхуез; во Мартининос де лас Посадас, палатата на кардиналот Еспиноза и вила кај Естебан де Амбран за секретарот Д. де Варгас. Толедовото последно дело била огромната палата „Ескоријал“, чија изградба ја надгледувал сè до неговата смрт.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Juan Bautista de Toledo y Felipe II: la implantación del clasicismo en España | Rivera Blanco, José Javier | Universidad de Valladolid 1984.