Бастион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Триаголен бастион (најлево) на тврдината Маркови Кули, Водно, Скопје
Бастион од втората половина на XVI век во италијански манир, конструиран за борба со топови

Бастион е градба издадена нанадвор од главното обѕидие на едно утврдување, сместено на аголот на два прави ѕида. По облик е остра, приспособена за активна одбрана на тврдината. Бастионот им дава можност на бранителите да покриваат соседни бастиони и ѕидини со одбрамбен оган.

Бастионите се конструирани за што поголем опсег (видокруг) за напад врз непријателот. Пред тоа утрврувањата не можеле да се бранат на поголем домет. Бастионот го решил овој проблем со тоа што на него се користеле топови за покривање на пушкарниците, додека друг топ можел да ги напаѓа надојдените едници фронтално.

Поврзано: Бастионска тврдина

Типови[уреди]

Низ историјата се користени разни типови на бастиони:

  • Исполнет бастион - сосема пополнет бастион со основата на иста висина со бедемот, без празен простор кон средиштето.
  • Шуплив бастион - има бедем или парапет само околу крилата и предницата, така што кон средиштето е оставен празен простор.
  • Рамен бастион - изграден во средина на ѕид или затворен двор, кога дворот е премногу голем за да се брани од бастионите на краевите.
  • Засечен - има навнатрешен агол на шпицот. Се користеле кога без него, аголот би бил премногу остар.
  • Составен бастион - кога двете страни на внатрешниот многуаголник се прилично нееднакви, па при тоа и вдлабнатините се нееднакви.
  • Правилен бастион - со пропорционални предници, крила и вдлабнатини.
  • Деформиран или неправилен бастион - бастион кој нема еден од полувдлабнатините, со тоа што едната страна на внатрешниот многуаголник е прекратка.
  • Полубастион - има само една предница и крило. За утврдување на аголот на некое место кој е преостар, шпицот се сече, и на него се доставаат полубастиони, кои прават засечени агли.
  • Двоен бастион - каде врз рамниот дел на еден бастион има изградено друг повисоко, оставајќи 4 или 6 метри помеѓу парапетот на долниот и основата на горниот бастион.

Наводи[уреди]

Оваа статија користи содржина од Циклопедија 1728, публикација во јавниот домен.